Двајцата возачи имаат по два мотори  кои се опремени со различни спецификации на моторот, едниот веќе го пробаа на патеката во Херез во ноември, а другиот е именуван како „еволуција“.

Возачите на Repsol Honda, Марк Маркез и Дани Педроса ќе пробаат две различни спецификации на моторот за време на MotoGP тестот кој овие три дена се оддржува во Сепанг. Тие ќе го тестираат моторот за 2016 кој веќе го испробаа минатиот ноември на патеката во Херез, а исто така ќе тестираат и мотор со нова, револуционерна спецификација.

После минатогодишните проблеми, Honda е фокусирана да го подобри RC213V на време за биде подготвен за првата трка која ќе се оддржи во Катар. Според правилата, потоа не се дозволени никакви дополнителни промени на моторот.

PA1833355.0008

Проблемот дополнително се искомплицира со тоа што моторот мораше да се адаптира на новиот ECU софтвер. Тренингот со нови спецификации укажува на фактот дека во HRC не се убедени дека моторот што го користеа на патеката во Херез е решението кое го бараа.  

„Двајцата возачи имаат по два мотори кои се опремени со две различни спецификации на моторот. Едниот веќе го тестираа во Херез во ноември. Вториот е еволуција. Ќе ги споредиме податоците од двата. Секако дека ќе работиме и на шасијата, електрониката и пневматиците,“ изјави техничкиот директор на HRC, Такео Јокојама.

„Се надеваме дека после овие три дена ќе видиме во која насока се развива моторот. Тоа ќе ни помогне за тестовите кои ќе се оддржат на Филип Ајленд и во Катар.“

„Изминативе два дена во Сепанг, тестиравме со нашите тест возачи, Аојама и Такахаши.  Условите на патеката се далеку од добри, но и покрај тоа успеавме да добиеме добри податоци.“

 „Ќе им ги кажеме податоците на нашите официјални возачи, Марк и Дани. Се надевам дека и тие ќе потврдат дека се движиме во правилна насока.“

Тестовите кои ги оддржа Honda минатата година на патеката во Сепанг и дадоа лажна надеж за нејзиниот мотор за сезоната 2015. На последниот тест во Катар, веќе беше доцна за да се интервенира.

Оваа година има само еден тест во Сепанг, а тестот на Филип Ајленд е додаден пред тестот во Катар.

Додека Repsol Honda работи на нивниот нов мотор, другите возачи ќе тестираат со спецификациите за сезоната 2015.

Back To Top