Податоците добиени од мотоциклот на Маркез за време на судирот со Роси на трката во Сепанг нема да бидат објавени во јавност.

Претседателот на FIM, Вито Иполито потврди дека податоците добиени од мотоциклот на Марк Маркез за време на судирот со Валентино Роси на трката во Сепанг, нема да бидат објавени во јавност. Од Honda првично изјавија дека ќе ги објават податоците, но потоа ја повлекоа изјавата откако управното тело на FIM и организаторите на трката побараа да не го прават тоа со цел да се намали судирот меѓу Маркез и Роси како и судирот меѓу нивните фанови.

rosi marq

Во најновата изјава, Иполито ја потврди потребата да се намалат тензиите и додаде дека нема да се објават информациите.

„За време на трката во Валенсија, тимот на Honda не информираше дека ги има сите податоци поврзани со инцидентот. Сега информациите се во наши раце и Honda и FIM заедно одлучија да не ги објавуваат со цел да се намалат тензиите.“

„Спорот беше изнесен пред CAS и случајот сега е затворен.  Вистина е дека на крајот на сезоната, судирот меѓу Роси и Маркез доби невидени размери.  Од таа причина, побаравме од сите страни кои се вклучени, да се воздржат од понатамошни разговори за она што се случи во Сепанг.“

Шефот на Honda, Шухеи Накамото тврдеше дека податоците покажуваат намерен удар од страна на Роси, нешто што беше негирано од Италијанецот.

„Податоците од мотоциклот на Маркез покажуваат дека и покрај тоа што тој се обидуваше да избегне контакт со Валентино, неговата предна кочница доби удар што предизвика закочување на предното тркало, што е и причината за сударот. Ние мислиме дека ова се случи поради ударот на Роси.“

Денис Нојс, еминентен новинар од САД за мотори.ком.мк потврди дека при прегледот на снимката слика по слика се гледа дека нема удар од Роси.

ТВ директорот на „BT“ и Дорна исто така ја прегледаа снимката од хелихоптер фрејм по фрејм и самите потврдија дека нема удар. Сепак не знам зошто не е објавена таа снимка јавно, од Дорна ме известија само дека не сакаат да долеваат масло во огнот.Денис Нојс

Back To Top