Распоред за следење на МотоГП Унгарија
По трката во Италија, MotoGP караванот се сели во Унгарија, каде што продолжува сезоната со Гран При на...
Подгответе се за уште една доза на висока технологија бидејќи BMW Motorad го претстави K1600GTL концептот на CES. Тој е опремен со ласерски светла. Сигурно тоа ви звучи познато, пред две години ние напишавме дека BMW има намера да ја развие ласерската технологија кај мотоциклите.
Иако Yamaha има одличен напредок со MOTOBOT, Honda не заостанува премногу. Всушност, Јапонската компанија го патентираше Computer Instructor, интерактивен дигитален систем кој има за цел да им помогне на мотоциклистите да бидат подобри возачи.
Не сме сигурни дали во HRC знаат за ова видео или не, но можеме да го замислиме шокот на нивното лице кога ќе го видат ова видео за прв пат. Да го видат нивниот главен MotoGP возач како прави вакви скокови, сигурно воопшто нема да им се допадне.
Во премиерната класа од Светскиот Супербајк Шампионат, Џонатан Реа не само што ја освои само првата титула во 2015 година, тој буквално доминираше во текот на целата сезона. Тој влезе во историјата на неколку начини, но најпрепознатливо е по тоа што стана првиот победник кој потекнува од Северна Ирска и првиот кој им ја донесе шампионската титула на Kawaski во делот на конструктори.
Ники Хејден учествуваше на 216 трки за време на неговата кариера исполнета со успеси. Претежно возеше Honda или Ducati прототип мотоцикли на кои имаше Brembo карбон-карбон предни сопирачки. Во MotoGP челични сопирачки се употребуваат само на влажни услови. Следната сезона, во Светскиот Супербајк Шампионат, за прв пат по повеќе од една деценија поранешниот шампион ќе се натпреварува во сите услови, влажно и суво, со метални дискови. Шампионатот ги забрани карбон-карбон сопирачките пред дваесет години, а оние што имаат метални делови пред три години.
Yamaha го прошири бројот на мотоцикли кои може да се прилагодат со помош на апликацијата „Моја Гаража.“ Новите членови се R1 и MT сериите. Ова докажува дека фабриката дозна дека ваквите аппликации може да играат важна улога во иднината на индустријата.