Мотоцикли

Се појавија слики од новиот Ducati SuperSport

Главниот модел на Ducati на INTERMOT ќе биде Ducati SuperSport. Компанијата од Болоња веќе ни најави за оваа машина за време на „Неделата на Ducati“ која се оддржа во Мизано.

Следете нè на:

 

Главниот модел на Ducati на INTERMOT ќе биде Ducati SuperSport. Компанијата од Болоња веќе ни најави за оваа машина за време на „Неделата на Ducati“ која се оддржа во Мизано.

Секако, сликите беа објавени од WDW2016, а заедно со информациите од очевидци, имаме добра претстава за тоа што можеме да очекуваме на шоуто кое ќе се оддржи во Келн оваа недела.

2017 Ducati SuperSport INTERMOT leak 01

Поради сето тоа, можеме да потврдиме дека сликите навистина се од 2017 Ducati SuperSport, но сепак за да видиме слики со подобра резолуција како и да ги дознаеме техничките спецификации на мотоциклот, ќе мораме да почекаме до утре.    

Како што може да се види, Ducati SuperSport, користи многу работи од линијата „Borgo Panigale“. Предниот дел на мотоциклот е направен во тој стил, а и моторот е многу сличен на оној што го користи Hypermotard 939.

2017 Ducati SuperSport INTERMOT leak 03 1

Целиот концепт на Супер Спорт е да се има вистински, уличен мотоцикл. Сигурни сме дека би можеле да го возите Ducati SuperSport на патека, но овој мотоцикл, пред се, е наменет за возење по улица.

Задниот дел од опашката на мотоциклот може да се отстрани, исто како и кај Diavel. Со ова, возењето на две лица на мотоцикло ќе биде многу попријатно  а веруваме и дека Ducati ќе обезбеди многу додатни делови за оние кои ќе патуваат на подолги релации. Рамката на мотоциклот има челичен „Trelis“ дизајн. Воланот може да се прилагоди за возењето да биде истовремено спортско и опуштено. Од сликите може да се види дека тој има и прилагодливо ветробранско стакло.  

Се претпоставува дека цената на овој мотоцикл изнесува околу 14,000 евра а знаеме дека ќе има два модела: основен и S модел.

2017 Ducati SuperSport INTERMOT leak 02

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.