„Ако Арагон беше патека која ја маркирав за напад, Мотеги е патека на која планирам да загубам што е можно помалку поени“ – Марк Маркез.

Лидерот во MotoGP шампионатот, Марк Маркез, ќе има поинаков пристап на Јапонската Гран При трка која ќе се оддржи овој викенд.

Возачот на Repsol Honda, кој пред  домашната публика ја оствари првата победа,  по победата која ја постигна во Јули ,овој викенд има шанси да ја освои и светската титула.

Marc Marquez Repsol Honda British MotoGP race winner

Со предност од 52 поени пред Валентино Роси и 66 поени пред другиот возач на Yamaha, Хорхе Лоренцо, на Маркез нема да му биде доволна само победа на патеката во Мотеги, нешто што досега го нема направено во премиерната класа. За Маркез да стигне до титулата, Роси ќе мора да ја заврши трката под петнаесетото место а Лоренцо да се најде надвор од првите четири возачи.

Со оглед на неговата историја на патеката,Маркез вели дека ќе ја промени тактиката и ќе се обиде да загуби што е можно помалку поени.

„Јапонската Гран При трка е важна за нас бидејќи таа е домашна трка за Honda и патека на која имаме добри сеќавања. Тука ја освоивме титулата во 2014 година. Но од друга страна, тоа е патека која отсекогаш била предизвик за нас.“

„На пример, ако Арагон беше патека која ја маркирав за напад, Мотеги е патека на која планирам да загубам што е можно помалку поени. Секако дека ќе се обидеме да освоиме најмногу поени што можеме, но исто така и ќе се прилагодуваме во зависност од ситуацијата.“

Back To Top