Ducati SuperSport се враќа како модел за сезоната 2017. Како што може да се очекува, 2017 Ducati SuperSport ќе има два модела: SuperSport основен модел и SuperSport S модел.

Ducati SuperSport се враќа како модел за сезоната 2017. Како што може да се очекува, 2017 Ducati SuperSport ќе има два модела: SuperSport основен модел и SuperSport S модел.

И двата мотоцикли ќе го користат v-twin моторот кој има 937cc, водено ладење и 113 коњски сили. Истиот овој мотор може да се најде и кај Ducati Hypermotard 939. Ducati ја користи и истата челична „trellis “ рамка која се користи и кај моделите од линијата Monster. Предниот дел на мотоциклот има преземено малку од изгледот на Panigale.

2017 Ducati Supersport S 04

Фокусот на Ducati за SuperSport е да може овој мотоцикл да се вози на тркачка патека но вистинското доживување со него би било кога тој би се возел по улици исполнети со свиоци па дури и да има две лица на мотоциклот.

Со тежина од 210 килограми, Ducati се надева дека SuperSport ќе биде одлична опција за возачи кои бараат нешто меѓу спортските мотоцикли и мотоциклите кои се за подолги релации. Како додаток на ова, ветробранското стакло може да се прилагоди со една рака, а исто така овој мотоцикл има и LED светла.

Позицијата за седење е прилично исправена, а висината на седиштето изнесува 80cm. Од Ducati велат дека SuperSport има 48 степени на максимално навалување. Резервоарот собира 16 литри што е одлично за возачите кои сакаат подолги релации.

И кај двата модела, електрониката вклучува ABS сопирачки, контрола на тракцијата и три модели на возење. Исто така и сите делови од суспензијата се комплетно прилагодливи. Ducati SuperSport има и „Marzocchi “ вилушка и „Sachs “ преден амортизер. Ducati SuperSport S има делови од „Öhlins “.

Ducati SuperSport S има и менувач кој се придвижува нагоре и надоле без притискање на квачилото. Доколку сакате, тој би можел да биде додаден и на основниот модел.

Back To Top