„Трката на Филип Ајленд ќе биде помалку чудна бидејќи борбата за титулата е веќе завршена. Но сепак, сакам да имам одлична трка и да победам“- Хорхе Лоренцо

„Трката на Филип Ајленд ќе биде помалку чудна бидејќи борбата за титулата е веќе завршена. Но сепак, сакам да имам одлична трка и да победам“- Хорхе Лоренцо

Хорхе Лоренцо, пред неговиот премин во тимот на Ducati, сака да ја заврши сезоната 2016 како вице шампион.

lorenco valencija ok

Шансите на Лоренцо да ја освои титулата згаснаа откако возачот на Movistar Yamaha, на пет круга до крај, излета од патеката во Мотеги.

Шпанецот заостанува 14 поени зад тимскиот колега Валентино Роси, а до крајот на шампионатот остануваат уште 3 трки. Бидејќи борбата за титулата е веќе завршена, Лоренцо вели дека докрај ќе се бори за второто место.

„Штета за тоа што се случи во Мотеги, но барем можевме да се бориме за победа и покрај лошиот избор на гуми. Тоа што јас и Валентино паднавме му ја донесе титулата на Марк, но искрено, тој беше најконзистентниот возач во текот на целата сезона,“ изјави Лоренцо.

„Сега мораме да се бориме за второто место во шампионатот , иако најважно е да се завршиш на првото место. Трката на Филип Ајленд ќе биде помалку чудна бидејќи борбата за титулата е веќе завршена. Но сепак, сакам да имам одлична трка и да победам. Тоа е мојата цел за следните три трки.“

Гледано наназад, Лоренцо има одличен настап на трката на Филип Ајленд и досега успеа да оствои две втори места во премиерната класа во 2010 и 2012 година. Во 2013 година беше победник, а во 2014 и 2015 година повторно го освојуваше второто место.

Back To Top