„Ќе мораме да продолжиме да возиме најдобро што знаеме, да бидеме компетитивни и повторно да се обидеме да постигнеме победа. Ќе биде фантастично доколку успееме да го направиме тоа на домашната Гран При трка на Yamaha!“

Хорхе Лоренцо е решен да и ја донесе победата на Yamaha на неговиот последен настап со M1 на трката во Јапонија.

Откако ја помина целата своја досегашна кариера во премиерната класа во тимот на Yamaha, Лоренцо од следната сезона ќе премине во тимот на Ducati.

lorenco sepang 2

„Пред нас сега се наоѓа најинтересниот дел од сезоната бидејќи имаме три трки по ред и сите тие се преку океанот. Тоа бара голем физички и ментален напор,“ изјави Лоренцо кој неодамна возеше Мерцедес Формула 1 автомобил.

„Но од друга страна, интересно е секој пат кога одиме таму. Прва на листата е Мотеги и оваа патека ми буди прекрасни сеќавања. Ми се допаѓа Јапонија и оваа патека.  За Yamaha и за останатите производители, оваа патека е многу важна. Ова е вистинска домашна трка.“

Бидејќи борбата за титулата е речиси завршена, она што преостанува е интересна борба за второто место. Во моментов, Роси има 14 поени предност во однос на Лоренцо.

„Се уште е далеку крајот на шампионатот и затоа мораме да продолжиме да возиме најдобро што знаеме. Би било фантастично да остварам победа на домашната Гран При трка на Yamaha,“ изјави три кратниот светски шампион, Хорхе Лоренцо.

Откако доминираше во првиот дел од сезоната, Yamaha нема постигнато победа на седум трки по ред.

Back To Top