За само неколку часа и официјално ќе почне новата MotoGP сезона, а сите тимови кои се дел од шампионатот ќе се појават на патеката во Сепанг за првиот официјален тест оваа година.

За разлика од претходните година кога имаше неколку повредени натпреварувачи, во 2020-та буквално сите возачи ќе излезат на патеката.

Има многу работи за кои треба да бидеме возбудени. Наскоро ќе можеме да видиме до каде е развојот на тимовите, кој ги исполнил своите цели, а кој заостанува.

Ќе видиме кој од дебитантите ќе има добар старт, како напредуваат минатогодишните дебитанти и каква е формата на постарите возачи.

 DSC3637 copy copy copy copy copy

Но не треба и премногу сериозно да ги сфатиме резултатите кои ќе бидат постигнати за време на трите дена тестови. Минатата година Данило Петручи беше најбрз и се најде на првото место меѓу возачите на Ducati. Пеко Бањаиа беше најдобар меѓу дебитантите, Франко Морбидели беше втор најдобар возач на Yamaha, а Маверик Вињалес тестовите ги заврши на петото место.

Алекс Ринс беше најдобар кај Suzuki, а Јохан Зарко беше подобар од неговиот тогашен тимски колега во КТМ, Пол Еспаргаро.

Но, сето ова беше во 2019 година. На крајот, Ducati не доминираше, а Марк Маркез со голема разлика стигна до ова титула.

Пеко Бањаиа пополека исчезнуваше од сликата, а приматот го презеде Фабио Куартараро. Минатогодишниот настап му обезбеди место во фабричкиот тим во сезоната 2021.

fabio quartararo motogp brno

Алекс Ринс постигна две победи, а Suzuki имаше еден од најдобрите мотоцикли на патеката. Во однос на Јохан Зарко, тој го промени тимот и на патеката во Валенсија се појави со машина на Honda.

Според она што можеме да го заклучиме врз основа на минатогодишниот тест во Сепанг, конечниот резултат претставува само индикација во однос на тоа како би можела да се развива сезоната која е пред нас.

Сепак, овој настан целосно го заслужува нашето внимание бидејќи на крајот сепак би можеле да се извлечат некакви заклучоци. Ако мотоциклите од една фабрика се изедначени, тоа може да ни сугерира дека основата на машината е добра. Доколку пак има разлика, тогаш можеби возачите ја прават целата разлика.

Доколку повеќе тимови се борат за првото место, тоа би значело дека екипите донекаде се изедначени. А и покрај тоа што возачите не смеат ништо да откријат во однос на мотоциклите, сигурно ќе можеме да го слушнеме нивното мислење во однос на машините со кои ќе настапат.

Ако има една фабрика која сигурно ќе се издвои од ривалите, тоа сигурно ќе биде Honda. Марк Маркез новата сезона ќе ја почне како главен фаворит за титулата. Шпанецот има неверојатен рекорд и освои шест од последните седум титули во Премиерната класа.

marc marquez motogp brno

Но за две години, тој имаше две операции на рамото. Минатата година беше левото, а оваа година докторите правеа операција на неговото десно рамо. Но ако можеме да судиме според ланската сезона, операцијата воопшто нема да влијае штом почне сезоната. Но сепак ќе го лимитира времето кое ќе може да го помине на тестирање.

Марк Маркез ќе вози пократки кругови и на патеката ќе биде по само неколку часа во текот на денот. За тоа време, ќе се фокусира на одредени делови на Honda RC213V, односно оние кај кои е потребно подобрување. Маркез ќе работи на шасијата бидејќи Honda се обидува да ја врати предноста која ја имаше при влегување во свиоците.

Од оваа сезона во тимот на Honda ќе имаме двајца возачи кои го носат презимето Маркез. Во моментов Алекс се чини дека нема никакви проблеми и имаше добар настап на „Shakedown“ тестот во Сепанг. На крајот заврши пред тест возачот на HRC, Стефан Бредл. На вториот ден од тестовите беше подобар и од тест возачот на Ducati, Микеле Пиро.

Во моментов, негова единствена задача е што побрзо да се прилагоди на MotoGP мотоциклот а според она што можеме да го видиме, тоа добро му оди.

Со оглед на тоа дека Марк се опоравува после операцијата, а Алекс е дебитант, главниот товар за време на тестовите ќе падне на возачот на LCR Honda, Кал Кратчлоу. За среќа Англичанецот е подготвен иако се уште има метални делови во себе поради тешката повреда на зглобот на трката која се возеше на Филип Ајленд.

Кратчлоу ќе има исполнет распоред, ќе го испроба новиот мотор, а ќе ја тестира и рамката на мотоциклот. Сигурно ќе се надева и дека инженерите на Honda успеале да креираат мотоцикл кој ќе биде многу полесен за возење. Но главен проблем е дека на тоа се надева веќе подолг период.

cal cratclow motogp brno

И Такааки Накагами се опоравува после операцијата која ја имаше на рамото. А поради тоа, повеќе време ќе посвети на физичката подготовка. Возачот на LCR Honda ќе настапи со Honda RC213V која ќе има спецификации за 2019 година и сигурно го очекува тешка борба. Сепак, тоа е мотоциклот со кој Маркез стигна до титулата и не смее да има никакви оправдувања доколку има слаб настап.

Поради разни причини, од кои голем дел позитивни, гаражата на Yamaha во Сепанг сигурно ќе привлече многу луѓе. Тука е секако враќањето на Хорхе Лоренцо како тест возач, а постојат гласини и дека во 2021 година, Фабио Куартараро ќе го преземе местото на Валентино Роси во фабричкиот тим.

Ова пак под прашалник го става понатамошниот настап на Валентино Роси. Сигурно за ова повеќе ќе дознаеме за време на презентацијата на тимовите на Monster Energy и Petronas Yamaha.

На презентацијата сигурно ќе дознаеме уште неколку други интересни работи. Промените внатре во тимот во изминативе две години се чини дека конечно ќе ги дадат очекуваните резултати. На тестовите во Валенсија и Херез во ноември, Маверик Вињалес постигна најдобри резултати.

Yamaha се обиде да го подобри мотоциклот со серија на нови делови, вклучувајќи го новиот мотор и новата рамка. Но останува да видиме дали тимот ќе успее да го победи Маркез.

 DSC3195 copy

Постои голема причина за оптимизам, а тоа не е само поради она што Yamaha го направи со мотоциклот. Минатата година Michelin тестираше нова задна гума која повеќе одговара на потребите на Yamaha M1. Оваа година на голем број на патеки таа е веќе стандарден дел. Оваа гума обезбедува подобар контакт со површината, а исто така е и поиздржлива.

Во 2019-та Yamaha беше компетитивна на патеки каде мотоциклот имаше добар контакт со површината, но штом тоа го немаше, работите беа сосема поинакви. Проблемите најдобро можеа да се забележат кај Вињалес. Тој беше слаб на стартот на трките но после неколку круга неговиот настап се подобруваше.

Доколку новите пневматици на Michelin успеат да го решат овој проблем тоа ќе биде од голема корист за возачите на Yamaha, особено за Вињалес.

Интересно ќе биде и да се види настапот на Куартараро и Вињалес. Французинот ги освои симпатиите на сите MotoGP фанови минатата година откако ги надмина сите очекувања.

Но оваа година, многу повеќе ќе се очекува од него, сигурно победа на некоја трка па дури можеби и борба за титулата. Оваа сезона тој ќе настапи со мотоциклот на Yamaha кој ќе ги има најдобрите спецификации.

 DSC3297 copy

Валентино Роси ќе продолжи да работи како и досега. Сепак, можноста дека повеќе нема да биде дел од Yamaha, можеби ќе значи и дека тој нема да биде целосно фокусиран.

Сигурно ќе се цени неговото мислење но главните одлуки ќе зависат од Маверикк Вињалес, а можеби и Фабио Куартараро.

Роси исто така има и нов шеф на тимот и ќе ја продолжи работата која ја почна минатата година.

Во ноември се чинеше дека Ducati се фокусира на вртењето, главниот проблем на Desmosedici, а тимот испроба и неколку шасии кои требаше да го решат проблемот.

Тие функционираа добро во Валенсија но беа слаби во Херез. А со оглед на тоа дека и патеката во Сепанг има долги и брзи ,но и кратки и тесни свиоци, ќе можеме убаво да видиме до каде се со напредокот.

Во Валенсија, Ducati го претстави и новиот мотор. Тој немаше поголема моќност во споредба со претходата верзија, но преносот на моќноста беше подобар.

За време на презентацијата на тимот, Џиџи Далиња откри дека тоа било само прва верзија на новиот мотор. Тој исто така откри и дека Honda и нивниот RC213V ја имале истата моќност како и Ducati. А непомена и дека тоа мора да се промени.

 DSC3054 copy

Бројот на коњски сили не е најважен но колку повеќе ги има на вашиот мотоцикл, тогаш шансите за победа се многу поголеми. Но во просек, патеките имаат по околу 14 свиоци и само еден прав дел.

Како што кажав и претходно, перформансите на Ducati на тестот во Сепанг минатата година ни индицираат дека не треба премногу сериозно да ги земаме резултатите кои ќе ги постигнат тимовите. Данило Петручи беше најбрз, а иако стигна до првата победа минатата година, не беше толку компетитивен колку Андреа Довициозо.

Но со оглед на тоа дека оваа година на патеката ќе се појават четири GP20 мотоцикли, можеме да претпоставиме дека добро напредуваат.

Тука е и Јохан Зарко кој и покрај тоа што ќе вози за Avintia и ќе вози со GP19, сигурно ќе им биде поддршка на возачите на Ducati.

Во моментов има голем притисок во гаражата на Ducati. Тимот не успеа да потпише договор со возачите кои ги планираа откако Куартараро и Вињалес решија да останат во актуелните тимови. Постои голем притисок врз Довициозо и Петручи, доколку сакаат и во иднина да бидат дел од екипата.

Во моментов, поголема предност има Довициозо кој во изминативе неколку сезони завршува на втората позиција во генералниот пласман, веднаш зад Марк Маркез. Џек Милер е еден од кандидатите за премин во фабричкиот тим следната сезона и сигурно ќе има дополнителен притисок за да обезбеди што е можно подобар пласман. Сигрно се надева на повеќе извозени кругови со GP20.

Најтешко ќе биде да се оцени неговиот тимски колега од Pramac Ducati. Минатата година на оваа патека Пеко Бањаиа го имаше второто најдобро време, но во текот на сезоната имаше просечен настап. Оваа година на располагање ќе го има GP20 а патеките во Катар и Сепанг му се едни од омилените. Без разлика како ќе заврши, тешко ќе биде да се донесе конечната оценка.

Неколку часа пред официјалната презентација на тимот, Алекс Ринс се уште немаше потпишан договор со Suzuki, иако неколку Италијански медиуми соопштија дека веќе има договор за сезоните 2021 и 2022.

 DSC3519

Но без разлика дали тоа ќе биде соопштено или не во Сепанг, Suzuki својата иднина ја базираат на Ринс.

Во однос на тестот во Малезија, Suzuki е повеќе фокусиран на еволуција наместо на револуција. Задоволни се од шасијата и главно се фокусирани на моторот. Тимот е фокусиран на зголемување на бројот на коњски сили.

Главен предизвик на тимот ќе биде да го направи мотоциклот компетитивен во првите неколку круга.

Минатата година на тестот, Ринс и Мир, се најдоа во долиот дел од табелата. Доколку оваа година видиме подобрување, тоа ќе ни укаже дека можеби тимот го надминал проблемот.

Возачите на KTM и Aprilia веќе беа дел од „Shakedown“ тестот, а многу ветува и тоа дека Дани Педроса беше најдобар во првите два дена од тестовите. Резултатот кој го постигна Пол Еспаргаро исто така е верувачки.

Фотографиите кои ги видовме по завршувањето на тестот ни укажаа на тоа дека КТМ одлучиле да ја задржат шасијата која ја тестираа во Валенсија и Херез. Пол Еспергаро и во иднина ќе го предводи развојот на машината а се очекува поголем придонес да даде и Мигел Оливеира.

Новиот тимски колега на Еспаргаро, Бред Биндер е дебитант и сигурно ќе му треба време додека да се прилагоди на новиот мотоцикл.

 DSC3170

Веројатно најинтересно ќе биде да го видиме напредокот на Aprilia. Италијанската фабрика има целосно нов мотоцикл кој има нов 90° V4 мотор, повеќе коњски сили како и подобро моторно сопирање.

Одговорот на возачите по завршувањето на тестот беше позитивен, а Бредли Смит напомена дека има подобрувања во секој дел на машината. Алеш Еспаргаро исто така беше импресиониран. На тестот тој заврши веднаш зад неговиот брат Пол и тимот на КТМ. Сепак, екипата се уште ја чека многу работа, а возачите ќе мораат да бидат многу внимателни со оглед на тоа дека тимот има само два мотоцикли.

Она што најмногу ја загрижува Aprilia во моментов е ситуацијата со Андреа Ианоне. Италијанецот вчера имаше сослушување и во моментов ја очекува конечната одлука. Засега тој е суспендиран, а Aprilia ја чека финалната одлука пред да одлучи кој ќе вози за нив. Бредли Смит е неговата замена.

Утре ова време мотоциклите веќе ќе бидат на патеката. Три дена подоцна, би требало да знаеме каков ќе биде распоредот на силите оваа сезона.

Back To Top