Благодарение на Пол Еспаргаро, КТМ се најде на првото место за време на 2020 Сепанг Shakedown тестот. Лоренцо се врати во тимот на Yamaha, а Априлија имаше одлични резултати.

Благодарение на Пол Еспаргаро, КТМ се најде на првото место за време на 2020 Сепанг Shakedown тестот. Иако целото внимание беше насочено кон Хорхе Лоренцо кој се врати во Yamaha, Еспаргаро успеа да постигне најдобар резултат, 1 минута и 59.444 секунди.

 t1 5654 0.gallery full top lg

Возачот на КТМ беше за 0.178 секунди подобар од неговиот брат Алеш, кој дебитираше со машината на Aprilia. Фабричкиот тест возач, Дани Педроса , беше најбрз за време на тестовите во неделата и понеделникот. Сепак, тој не настапи во вторникот а со неговиот мотоцикл возеше Мика Калио.

Тест возачот на Aprilia, Бредли Смит му го позајми мотоциклот на Алекс кој на првиот ден од тестовите имаше можност да настапи со три мотоцикли (два од сезоната 2020 и еден од 2019 година).

Espargaro 1

Веднаш зад браќата Еспаргаро се најде возачот на Tech3, Мигел Оливеира (+0.304 секунди) а бариерата од 2 минути исто така ја надмина и тест возачот на Ducati, Микеле Пиро.

Понатаму следуваа дебитантот Бред Биндер (KTM, +0.655 секунди), тест возачот на Honda, Стефан Бредл (0.997 секунди) и Калио (+1.028 секунди). Веднаш по нив се најде Лоренцо кој за прв пат по 2016 година настапи за Yamaha.

Поранешниот шампион, кој се повлече од трките во ноември, имаше добар напредок во текот на денот и на крајот заврши на осмото место со заостанување од 1.062 секунди зад Еспаргаро после извозени 46 круга.

Резултатот кој го постигна, 2 минути и 0.506 секунди, е ист со времето кое го имаше за време на квалификациската сесија минатата година кога беше дел од тимот на Honda. Иако настапи само на последниот ден од Shakedown тестот, се очекува Шпанецот да настапи и на официјалниот тест.

Тест возачот на Suzuki, Силвиан Гинтоли (+1.211 секунди) и дебитантот од Tech3 KTM, Икер Лекуона (+2.215 секунди) ги заокружија првите десет места.

Резултати од 3. ден:
P Espargaro KTM 1'59.444
A Espargaro APR+0.178
Oliveira KTM+0.304
Pirro DUC+0.478
Binder KTM+0.655
Bradl HON+0.997
Kallio KTM+1.028
Lorenzo YAM+1.062
Guintoli SUZ+1.211
Lecuona KTM+2.215
Bike1 YAM+2.465
Bike2 YAM+3.260
Savadori APR+3.351
Bike3 YAM+3.398

Од останатите пет места на табелата, три ги окупираа тест мотоцикли на Yamaha.

Покрај Педроса и Смит, на патеката го немаше и дебитантот Алекс Маркез кој замина за Индонезија каде се оддржа презентација на мотоциклите на Repsol Honda.

На Shakedown тестот можеа да настапат сите фабрички тест возачи, тимовите кои имаат концесија (Aprilia и KTM) како и дебитантите за кои ова ќе биде прва сезона во шампионатот.

Back To Top