Откако денеска беше објавено дека Квартараро ќе го замени во тимот на Јамаха од следната сезона, Докторот ќе ја соопшти одлуката за неговата иднина до средината на оваа сезона.

Валентино Роси го загуби местото во фабичкиот тим на Јамаха, на негово место друштво во тимот на Маверик Вињалес ќе му прави младиот Фабио Квартарато кој имаше фантастична почетничка сезона минатата година.

rossi brno

40 годишниот Роси кој зад себе има 89 победи и 7 титули во премиерната класа (вкупно 9) е без победа од 2017 година и минатата сезона беше убедливо најлоша за него откако се пласираше на седмата позиција.

Договорот помеѓу Јамаха и Квартараро сега е потврден, сепак нај влијателниот и популарен член на МотоГП семејството сè уште не е подготвен да ја соопшти одлуката за неговата иднина. 

Неговите опции се или да се повлече од МотоГП шампионатот, или пак да продолжи да се натпреварува за Петронас Јамаха тимот.

Сепак Роси нема да вози целосно сателитски мотор во вториот случај, според зборовите од тимот Петронас Јамаха ќе има целосна поддршка од фабричкиот тим доколку Роси одлучи да ја продолжи кариерата во 2021 година.

„Јамаха побара од мене да одлучам пред почетокот на сезоната во врска со мојата иднина, јас го потврдив ставот од минатата сезона дека нема да можам да го направам тоа додека не увидам до каде е напредокот на моторот па тие ја презедоа одлуката во свои раце имајќи ги во предвид пазарот на возачи“ - изјави Роси.

„За мене е одлично тоа што тимот стои зад мене и во случај да сакам да продолжам да се натпреварувам од следната сезона повторно ќе ја имам целосната поддршка од Јамаха. Во моментов со новите правила, гуми и секако мојот нов шеф на тимот ќе се обидам да бидам конкурентен и да продолжам да возам и по 2021 година. До средината на оваа сезона ќе ја знам мојата одлука дали ќе продолжам да се тркам или ќе се повлечам“ - дополни тој.

Back To Top