Хорхе Лоренцо се врати во тимот на Јамаха за кој ќе биде тест возач во 2020 година.
Многу се шпекулираше околу иднината на Лоренцо по неговото повлекување, а една од бројните шпекулации беше токму улогата на тест возач во Јамаха. Лоренцо кој го објави повлекувањето од МотоГП на крајот на минатата сезона зад себе остави одлична кариера.
32 годишниот возач ќе го направи своето враќање во тимот на Јамаха од 2-ри до 4-ти февруари на патеката Сепанг за првото тестирање во новата сезона. Тој ќе има можност да ја вози новата YZFR-M1 со спецификации за 2020, а потоа ќе настапи и на сите приватни и јавни тестирања за тимот.
Лоренцо ќе работи со поранешниот тимски менаџер на Роси, Силвано Галбусера, кој беше прераспределен во одделението за тестирање на Јамаха откако неговото место го завзема Давид Муноз. Од фабричкиот тим потврдија дека не планираат настап на Лоренцо со вајлд-карта, но ја оставија можноста за отворена доколку шпанецот пројави желба повторно да се трка.
Со денешниот договор Јамаха обезбедни тро-дневна медиумска покриеност откако најпрво го објави продолжувањето на договорот со Маверик Вињалес, а вчера го објавија и договорот со Фабио Квартараро кој ќе го замени Валентино Роси во тимот. Тимот од Ивата со ова ја заокружи тимската стратегија за блиската иднина, останува уште да ја почекаме одлуката на Валентино Роси за неговата иднина.
Би можело да ве интересира
Шесткратниот MotoGP шампион Марк Маркез ја заврши евалуацијата после операцијата која му беше направена во декември.
Возачот почина за време на транспортот од Џеда до Франција.
КТМ и формално потврди дека ќе биде дел од MotoGP уште пет години а до крајот на сезоната 2026 на патеката се очекува да има четири RC16 машини.
2021 Sepang MotoGP Shakedown е префрлен во Катар.
2021 Sepang Shakedown и официјалниот MotoGP тест се откажани.
2021 Kawasaki Ninja 400 пристигнува во две верзии, со и без ABS.