Сузуки на денешната презентација ги претстави мотоциклите со кои Алекс Рин и Жоан Мир ќе настапуваат оваа сезона во МотоГП шампионатот.

Team Suzuki Ecstar објави видео и неколку фотографии на кои се гледа новото Suzuki за кои беа објавени и технички детали.

Се работи за реден четири цилиндричен мотор со зафатнина од 1000цц и моќност од 240кс. Иако до сега тимовите не ги објавуваа перформансите на своите мотоцикли се чини дека Сузуки има со што да се пофали па се одлучи на ваков чекор. Всушност тимот отиде до детали па сега се познати и работи кои не се видливи (Охлинс суспензија, Акрапович издув, Брембо кочници на 320мм дискови), тимот користи „Twin Spar“ алуминиумски рам, „seamless“ менувач, а тежината на мотоциклот изнесува 157кг.

bike

Back To Top