Тимот на Јамаха потпиша договор со Фабио Квартараро за 2021 и 2022 година.

Откако беше објавен договорот на Маверик Вињалес со Јамаха, тимот денеска потврди и дека Фабио Квартараро ќе ги брани нивните бои во истиот период.

fabio kuartararo motogp

За сега не се соопштува одлуката на Докторот за неговата иднина, но две опции се на масата, едната е тој да ја заврши кариерата по крајот на оваа сезона, а другата е Роси да премине во сателитскиот Петронас тим на Јамаха, опција која тој самиот рече дека е можна пред извесен период.

„Јамаха и Роси взаемно се договорија тој да одлучи до средината на 2020 дали ќе остане активен МотоГП возач“ - изјавија од тимот на Јамаха.

Она што е извесно е дека Јамаха на фабричките мотоцикли ќе ги има Фабио Квартараро и Маверик Вињалес до 2022 година.

„Задоволни сме од тоа што Квартараро ќе биде дел од фабричкиот тиме во следните две години. Неговите резултати во првата МотоГП сезона беа сензационални. 6 пол позиции и 7 подиуми се јасен знак за неговите можности.“ - изјави Лин Џарвис, директорот на Јамаха МотоГП тимот.

Back To Top