Тимот на Априлија соопшти дека ја очекуваат одлуката од дисциплинската комисија на ФИМ во врска со Андреа Ианоне, но Бредли Смит ќе ги превземе сите обврски до тогаш.

Забранетите субстанци кои беа пронајдени во тестот на урината на Ианоне по трката во Малезија минатиот ноември за тимот значи дека тој сигурно ќе добие некаква казна. Ианоне првично беше привремено суспендиран во поради позитивниот допинг тест во кој беа пронајдени траги до „Дростанолон“, субстанца која е забранета.

38 bradley smith eng dsc1840.gallery full top lg

Се работи за стероид кој најчесто го користат боди билдерите за добивање на маса, а она што е чудно е дека Ианоне имал налог од тимот да ја намали својата тежина. Всушност неговите адвокати ќе ја темелат одбраната токму на овој факт, според сведочењето на тимскиот шеф пред почетокот на сезоната тој му соопштил на Ианоне дека е 10 килограми потежок од Алеш Еспергаро и дека ќе мора да превземе нешто во врска со тоа. Ианоне сериозно го сватил ова, впрочем како што и изјави за него тркањето е неговиот живот, и до средината на јули веќе имал намалено 6.5 килограми, па внесувањето на стероид кој ќе ја зголеми неговата тежина нема никаква логика.

Според наодите се работи за минимална и незначителна количина, количина која можно е да била внесена преку конзумација на месо во Малезија, но ФИМ е навистина строг кога станува збор за допинг контролата. Реално добивањето на маса кај мото тркач не би требало да има никакво влијание врз подобрување на перформансите но Светската Мотоциклистичка Федерација (FIM) доследно ги почитува правилата на Светската Анти Допинг Асоцијација (WADA).

Според одговорните во Априлија Ианоне го очекува забрана за возење во период до 2 години, во тој случај договорот со него ќе биде раскинат, а доколку комисијата на ФИМ одлучи да ја прифати одбраната на возачот (дека внесувањето на стероидот е ненамерно) сепак ќе биде казнет со најмалку 3 месеци отсуство од мото трките. Во јавноста се шпекулираше со замената на Ианоне, легендарниот Макс Бијаџи беше посочен како кандидат за претстојниот тест во Сепанг, но денеска од тимот соопштија дека Бредли Смит во целост ќе го замени Ианоне. 

Тест возач во тимот ќе биде Лоренцо Салвадори на претстојното тестирање во Сепанг на кое за прв пат ќе ја видиме новата Априлија која ќе има V4 мотор под 90 степени, исто како моторите на Дукати и Хонда.

Back To Top