MotoGP

Валентино Роси ќе продолжи да се трка доколку се бори за место на подиумот

Валентино Роси откри што би можело да го натера да продолжи да се натпреварува.

Следете нè на:

Валентино Роси откри што би можело да го натера да продолжи да се натпреварува.

Валентино Роси за прв пат се обрати во јавноста откако беше објавено дека неговото место во Yamaha ќе го преземе Фабио Квартараро. Откако минатата сезона имаше слаби резултати, Италијанецот вели дека ќе му треба малку време за да види дали се уште има мотивација за да продолжи да се натпреварува.

Yamaha, од друга страна, со цел да се заштити, веќе потпиша договор со Маверик Вињалес и Фабио Квартараро за сезоната 2021.

За време на презентацијата на новите мотоцикли на тимот, Роси изјави дека би сакал да продолжи да се трка но под услов да може да ја врати препознатливата форма и да се бори за место на подиумот.

„Во втората половина од минатата година имав многу проблеми“,изјави Роси. „Веќе 25 години се тркам и не сум млад. За да се борите со најдобрите треба да вложите многу. А за да продолжите да се тркате ви треба и мотивација.“

„Кај мене мотивацијата зависи од резултатите кои ги постигнувам. Ако можам да се борам за место на подиумот и да бидам конкурентен, тогаш имам мотивација. Целта ми е да се обидам да се тркам и следната година, но ако резултатите не се онакви какви што посакувам, тогаш ситуацијата може да се промени.“

 DSC3672

„Затоа кога зборував со Yamaha не бев подготвен да ја донесам конечната одлука. Не сакам да ми биде исто како и во 2019-та година. Ако е така, тогаш подобро да прекинам.“

„Некаде на половина на сезоната, во текот на летната пауза, ќе ја донесам конечната одлука. Не сакам да избрзам. “

Во однос на опциите за сезоната 2021, Роси вели дека не би сакал да премине во друг тим додека пак околу можноста VR46 да почне да се натпреварува во Премиерната класа, Италијанецот вели дека за тоа се потребни големи финансии кои во моментов ги нема.

„За мене Petronas се најдобрата опција. Ситуацијата е навистина добра. Имаат добар, млад тим кој може да напредува. Исто така имаат и пари и се навистина сериозни.“

„За мене е важно да продолжам со М1. Прво, воопшто не е лесно кога менувате производител. Особено не на моја возраст.“

„Соработка помеѓу VR46 и Yamaha?  Ми се допаѓа идејата но немаме пари. Тоа е главниот проблем. Подобро е со Petronas.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Започна одбројувањето до петтото издание на Distinguished Gentleman’s Ride, настан кој ќе се одржи на 27-ми септември.

Викендов се вози 8-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин повторно ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

По шест извозени трки во МотоГП шампионатот Андреа Довициозо е на чело на табелата со 76 освоени бодови.

Викендов се вози 7-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Во продолжение ќе ги најдете информациите за Австриската патека како и распоред за следење на МотоГП трката.

Пристигнаа првите информации од МФМ за годинешното 29-то по ред мото рели Македонија - Независност 2020.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.