MotoGP

МотоГП: Победа за Педроса за намалување на разликата со Лоренцо

motori pedrosaМотоциклистот на Репсол Хонда Дани Педроса триумфираше на Големата награда на Арагон, додека веднаш по него целта ја минаа Хорхе Лоренцо од Јамаха и Андреа Довициозо од Монстер Јамаха Тек 3.

Следете нè на:

 

pedrosa

Мотоциклистот на Репсол Хонда Дани Педроса триумфираше на Големата награда на Арагон, додека веднаш по него целта ја минаа Хорхе Лоренцо од Јамаха и Андреа Довициозо од Монстер Јамаха Тек 3.

Победничкото време на Шпанецот на 14-та Мото ГП трка сезонава беше 42:10: 444 минути, доволно да ја потврди втората позиција во вкупниот поредок од натпреварувањето.

Лидер и натаму е Лоренцо со 290 бодови, додека Педроса досега собра 257. Бранителот на титулата, Кејси Стонер од Репсол Хонда е на третото место со 186 бодови.

Што се однесува до самата трка, Лоренцо ја почна од пол-позицијата, но го загуби водството во седмиот круг. Оттогаш Педроса возеше сигурно, а изгледаше дека Лоренцо е задоволен со 20-те бода и второто место на крајот од трката.

„Возев добро и веќе на стартот видов дека можам да бидам побрз од Лоренцо. Среќен сум поради победата“, изјави Педроса, чија што надмоќ ја призна и Лоренцо.

„Кога ме престигна знаев дека нема да можам да го минам повеќе. Од овој аспект трката беше за титула, не правев грешки и завршив втор“, заклучи Лоренцо.

Посебно беше интересна борбата за третото место, во која Андреа Довициозо беше подобар од тимскиот колега Кал Карчлоу. Трката ја засени инцидентот на Ники Хајден, меѓутоа по приемот во медицинскиот центар било утврдено дека нема потешки повреди. „Бркотницата“ не ја завршија ниту Давид Салом и Штефан Бредл.

Наредната трка од Мото ГП шампионатот ќе се вози во Јапонија на 14-ти октомври. Потоа следуваат натпреварувањата во Малезија, Австралија и во Шпанија.

 

Генерален пласман

Позиција Возач Тим Бодови
1 Jorge Lorenzo Yamaha
290
2 Dani Pedrosa Honda
257
3 Casey Stoner Honda
186
4 Andrea Dovizioso Yamaha
179
5 Cal Crutchlow Yamaha
135
6 Valentino Rossi Ducati
128
7 Álvaro Bautista Honda
128
8 Stefan Bradl Honda
115
9 Nicky Hayden Ducati
93
10 Ben Spies Yamaha
88
11 Héctor Barberá Ducati
64
12 Randy de Puniet ART
53
13 Aleix Espargaró ART
51
14 Karel Abraham Ducati
32
15 Yonny Hernández BQR-FTR
28
16 Michele Pirro FTR-Honda
25
17 Colin Edwards Suter-BMW
22
18 James Ellison ART
19
19 Jonathan Rea Honda
17
20 Mattia Pasini ART
13
21 Danilo Petrucci Suter-BMW
11
22 Iván Silva FTR-Kawasaki
11
23 Toni Elias Ducati
10
24 Steve Rapp APR
2
25 David Salom FTR-Kawasaki
1

 

Извор: „Курир“

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.