На шпанскиот мотоциклист му беа потребни 42 минути и безмалку 50 секунди да ја комплетира делницата, со што беше за цели пет секунди побрз од резултатот кој го оствари второпласираниот Валентино Роси.
На шпанскиот мотоциклист му беа потребни 42 минути и безмалку 50 секунди да ја комплетира делницата, со што беше за цели пет секунди побрз од резултатот кој го оствари второпласираниот Валентино Роси.
Почетокот на Мото ГП гран-при натпреварувањето во Сан Марино го одбележаа доста проблеми.
Планираниот старт беше одложен поради проблемите кои ги имаше Карел Абрахам, додека Дани Педроса, кој требаше да тргне од пол-позицијата, поради технички потешкоти „се лизна“ на крајот од колоната. Мораше да стартува од последното место.
Повредениот шампион, Кејси Стонер го замени Џонатан Реа, за кого ова беше прва гран-при трка во конкуренцијата, додека Хајден и Барбера се вратија на патеката по паузите поради повреди.
Работата на Лоренцо вчера значително му ја олесни Педроса, кој по првиот круг, поради инцидент со Барбера, го заврши настапот. Покрај Педроса, Кал Карчлоу, кој на квалификациите се избори за второто место, поради пад ја се откажа во петтиот круг.
По ова, пред Лоренцо се беше отворено и релативно лесно Шпанецот успеа да го запише шесттиот триумф во сезоната. Со нови 25 бодови, Лоренцо сега „побегна“ на 38 позитива во однос на најблискиот ривал во вкупниот поредок, Дани Педроса.
ГН Сан Марино, резултати:
1. Хорхе Лоренцо (ШПА/Јамаха) 42:49,863 секунди
2. Валентино Роси (ИТА/Дукати) 42:54,234 секунди
3. Алваро Батиста (ШПА/Хонда) 42:55,891 секунди
Генерален пласман, возачи:
1. Хорхе Лоренцо 270
2. Дани Педроса 232
3. Кејси Стонер 186
Извор: „Курир“