Успехот на Дани Педроса продолжува по минатонеделната победа на патеката Мотеги. Денешните тренинзи на Сепанг му припаднаа на Педроса со време од 2'01.621, а неговиот клубски колега Кејси Стонер го заврши денот на втората позиција.

Типичниот тренинг на Малезиското Гранд При вклучува топло време и голема влажност во претпладневните часови додека попладне вообичаени се поројни дождови. Таков беше и денешниот случај кога на првиот тренинг возачите имаа добри услови, а на вториот патеката беше сеуште мокра на почетокот но потоа почна да се суши што придонесе за прилично чудни услови за возење.
Хорхе Лоренцо го заврши денот на третата позиција и на утрешниот последен тренинг ќе се обиде да го подобри своето време пред квалификациите со цел да избори добра стартна позиција во недела и со тоа да ја зачува предноста пред Педроса во генералниот пласман.
|
Информации за патеката | |||||||||||||||||||||
|
Третиот тренинг започнува ноќеска во 03.15, а квалификациите се изутрина во 07.55 часот по наше време. Трката во недела започнува во 10.00 часот, а сите возбудувања од Малезија може да се следат на обичниот СпортКлуб канал или на интернет преку стриминг на сајтот www.frombar.tv/c-10.html