(Време на читање: 1 - 2 минути)


Comanchero colours

Роки и Саша Штрбац, младенци кои имаат српско потекло, во просториите на Српската народна одбрана во Австралија организираа сведба, но местото беше простор за пресметка меѓу моторџиски банди. Во пресметката убиен е Фало Пису (23), член на моторџиската банда „Comancheros“, а двајца се ранети.

Comanchero coloursМладенците со српско потекло, Роки и Саша Штрбац, во просториите на Српската народна одбрана во Австралија организирале свадба, но наместо веселба биле сведоци на пресметка меѓу моторџиски клубови. Во пресметката е убиен Фало Пису (23), член на мото клубот „Comancheros“, а двајца се ранети.

Според информациите, напаѓачот со фантомка на главата нешто по полноќ пристигнал на свадбата и веднаш започнал да пука. Тој пукал два пати во главата на Пису при што го убил, а потоа ранил и уште двајца од присутните.

Според австралиските медиуми Пису бил близок пријател на младоженецот Роки Штрбац, а на свадбата имало околу 300 гости. Полицијата се сомнева дека барем 100 од гостите биле членови на клубот кој е во војна со „Hells Angels“.

За младенците немилиот настан ја уништи свадбената прослава: „Сега сме толку исплашени што не можеме да одиме ниту на меден месец. Тоа требаше да биде наша венчавка, да бидеме среќни, а погледнете сега!“ - изјавила Саша за австралиските медиуми.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: