motori cobo-aradПрестојниов викенд во Вранско, Словенија во организација на Авто-Мото Сојузот на Словенија се вози претпоследната трка од Европскиот Шампионат во супермото, на која ќе настапи нашиот натпреварувач Слободан Ивчески, во најсилната класа до 450 кубни сантиметри, со својот мотоцикл КТМ. 

cobo-arad

По долгиот летен одмор, тркачките активности во дисциплината супермото продолжуваат и тоа со прилично густ распоред. Престојниов викенд во Вранско, Словенија во организација на Авто-Мото Сојузот на Словенија се вози претпоследната трка од Европскиот Шампионат во супермото, на која ќе настапи нашиот натпреварувач Слободан Ивчески, во најсилната класа до 450 кубни сантиметри, со својот мотоцикл КТМ. Ивчески моментално е пласиран на осмата позиција во генералниот пласман за Европскиот Шампионат во супермото, а по овој натпревар очекуваме подобрување на позицијата во генералата. Иако како хендикеп е тоа што Ивчески никогаш не настапувал на оваа патека со должина од 1200 метри, сепак очекуваме добар натпревар и значаен резултат кој ќе го подобри бодовното конто. Во сабота се возат квалификациите од 16.30, во недела првата трка стартува од 13.30, а втората во 15.30 часот.

Согласно календарот за 2012 година нема да имаме време да се распакуваме од Словенија туку веднаш продолжуваме понатаму, на завршницата од сезоната во супермото. Една недела подоцна се вози последната трка која се бодува за Европскиот, а воедно и за Источно-Европскиот Шампионат на патеката во Сакарија, Турција, која е во сопственост на познатиот  натпреварувач во светските мото дисциплини, Кенан Софуоглу и која ќе ја затвори сезоната 2012 за двата шампионата во кои учествува нашиот натпреварувач Слободан Ивчески, Европскиот Шампионат и Шампионатот на Источна Европа во супермото.

Извор: Мото клуб „Сакамото“

Back To Top