(Време на читање: 1 минута)


Victory го претстави новиот модел Magnum X-1 Stealth Edition, инкарнација на моделот Magnum кој меѓу другото остана запаметен по аудио системот.

Magnum X-1 Stealth Edition е новиот „ѕвер“ на Victory, лимитирана едиција која го привлекува вниманието на прв поглед.

Од фабрика моделот доаѓа со 21 инчни тркала кои се затемнувани при самото производство, а модификациите одат до таму што дури и светлото е затемнето.

Victory Magnum X-1 Stealth Edition

Новиот Magnum X-1 е опремен со моќен аудио систем, па така додека кулирате на прекрасниот мотор, ќе можете да уживате во звукот на 200 ватниот сараунд со 10 звучници!

Цената сеуште не е позната, а моделот се очекува да биде достапен за нарачка од месец март.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: