Мотоцикли

BMW C650 Sport доби издув од Акрапович

Овој издув ќе ја намали тежината на целиот систем за цели 44,9% или од 6.9 на 3.8 килограми, а ќе ја зголеми моќноста од 48.7 на 49.4 коњски сили.

Следете нè на:

 

2016 ќе биде добра година за оние кои веќе го имаат купено макси скутерот  BMW C650 Sport,  бидејќи тие веќе ќе можат да ја подобрат машината со поинаков издув од Акрапович.

Новиот придушувач има два отвора. Крајниот дел на едниот отвор е направен од јаглеродни влакна, а на вториот отвор се наоѓа логото на Акрапович. Придушувачот е направен од Титаниум и има подобрени перформанси и издржливост, а помала тежина.

2016 bmw c650 sport gets akrapovic silencers with better looks and performance 2BMW C650 Sport со Акрапович

Акрапович вели дека за да го монтирате издувот на вашиот нов мотоцил ќе ви бидат потребни најмногу 30 минути и дека не е потребно некое големо знаење за тоа. Едноставно само се заменуваат канистрите и не се потребни никакви дополнителни модификции.

Овој издув ќе ја намали тежината на целиот систем за цели 44,9% или од 6.9 на 3.8 килограми. Можеби не ви изгледа многу, но не зборуваме за мотоцикл кој тежи 200 килограми и кој има 200 коњски сили.

2016 bmw c650 sport gets akrapovic silencers with better looks and performance 3Одличен изглед и подобрени перформанси

Кога зборуваме за силата, новиот додаток од Акрапович ќе ја зголеми моќноста од 48.7 на 49.4 коњски сили при 7850 rpm. Моќноста се зголемува за 1.4 коњски сили при 5900 rpm, што е од помош при секојдневно возење.

Бројот на вртежи е исто така подобрен. Новиот придушувач додава 1.5 Nm при 5850 rpm.

Покрај подобрениот изглед и перформанси, новиот придушувач на Акрапович ќе му даде и малку поинаков карактер на вашиот мотоцикл. Во случај да не прочитавте, Акрапович прославува 25 години постоење на пазарот.  Оваа година можеби ќе видиме од нив на пазарот и некоја лимитирана серија на издуви.

2016 bmw c650 sport gets akrapovic silencers with better looks and performance 4BMW C650 Sport 2016

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.