Lazareth LM 847, кој беше претставен во Женева, има 4.7 литарски V8 мотор со 470 коњски сили.

Мозоците на вработените во Францускиот производител „Lazareth“ навистина работат поинаку. Досега веќе објавивме неколку нивни ексцентрични дизајни. Ниту овој што ќе ви го претставиме денеска, не е поинаков.

Lazareth LM 847, кој беше претставен во Женева, има 4.7 литарски V8 мотор со 470 коњски сили. Тој е изваден од автомобил на Масерати.

Lazareth LM 847 10

Вообичаено не сакаме да ги споредуваме производителите, но се чини дека во овој случај, тимот на „Lazareth“ позајмил од најдобрите.

Ова возило кое има 400кг личи на „Dodge Tomahawk“, кој го има V10 моторот од спортските автомобили на Dodge. Рамката на мотоциклот е многу слична на рамката која ја има концептот Tesseract на Yamaha. Задниот дел на мотоциклот е речиси идентичен на Ducati 1299 Panigale. Но нека не ве разочарува тоа бидејќи Lazareth LM 847 има многу да понуди.

Back To Top