„Ќе има многу изненадувања, а исто така и возачите треба да бидат внимателни бидејќи многу работи се променети“ - Хорхе Лоренцо

Возачот на Movistar Yamaha, Хорхе Лоренцо, беше задоволен откако заврши на првото место на првите тестови кои се одржаа на петаката во Лосаил, Катар.

Лоренцо беше за 0.4 секунди побрз од возачот на Suzuki, Маверик Вињалес. Тој изјави дека  комбинацијата на Michelin пневматици и новиот ECU софтвер ќе биде добра и додаде дека промените ќе им бидат од корист на возачите.

lorenzo qatar tt1

„Мислам дека ако трката се одржеше утре, ќе беше комплетно различна од минатата година или од изминатите четири или пет години. Ќе има многу изненадувања, а исто така и возачите треба да бидат многу внимателни,“ изјави Лоренцо.

„Електрониката е помалку софистицирана па затоа треба да посветиме поголемо внимание на гаста, особено кога задната гума ќе почне да се спушта. Напорот ќе биде поголем бидејќи физички и ментално треба секогаш да бидеш внимателен. “

„На Филип Ајленд, мотоциклите на Honda беа навистина силни, но тука, во овој момент, имаат некаков проблем. Секоја трка ќе биде различна. Оваа патека е многу слична на Сепанг, а тоа мене ми одговара.“

Лоренцо уште еднаш потенцираше дека мора да го промени стилот на возење за подобро да ги искористи новите гуми, но сепак е задоволен од својот досегашен настап.

„Повторно бевме компетитивни и се чувствував многу добро со Michelin. Пневматиците и електрониката бараат голема промена, особено пневматиците на кои им треба малку повеќе време за да се загреат. Затоа треба да бидеш внимателен и да ги знаеш нивните граници.“

„На некои моменти бевме подобри од останатите возачи и тоа е позитивно. Но да почекаме и да видиме како ќе биде на трката.“

„Немавме многу време за работа бидејќи во 9 часот речиси сите ги прекинаа тестовите поради падот на температурата. Мора да бидете внимателни на такви услови,“ изјави Лоренцо.

„Три часа не се доволни за да се пробаат многу работи, но имаме уште два дена. Постигнав најбрзо време со стари гуми.“

Тестовите ќе продолжат во четврток и петок.

Back To Top