(Време на читање: 3 - 5 минути)


Едно пиво. Две... го испив и третото.

Седиме сите заедно и креираме одредени опции. Теоретски. Теоретизираме. Двајца или тројца имаа(т) бугарски пасоши. Тие можат да продолжат. Останатите немаме. Но и овие првиве не се расположени да продолжат без нас.

Продолжуваме со теоретизирање. Хипотеза... теза. Но секоја базична поставка веднаш нѐ разоружува со силогизмот кој „ни вели“: нема романска виза – нема ФИМ. Ова сурово сознание нѐ убива. (...) Сѐ додека некој од друштвото на масата едноставно каже: а да отиде некој до Скопје и извади визи??

cf001c73 ca5f 4e8f 8aa5 1b41a34ce4c3

***

Поминав едно 50тина километри и читам путоказ: София 400. 400 километри до Софија. И си викам; Why on earth го праам ова кое го праам. „Што сум кревал рака у торник??“ А субота е. Како стигнав до тука?

(...) Ги фрлив торбите... цел багаж едноставно „го акнав од земја“ и на сето она, ирелевантно за мојата вожња кон Скопје, му напраив – cancel.

Све му остаив на Зрно да ми чува. Единствено, tank-торбата си ја наместив на резервоарот и во неа, сите пасоши. Јакната, кацигата и толку. Пун резервоар и пун гас.

Возам и размишљам... го враќам филмот уназад. Веќе беше 8, 8 и пол... 9 РМ. Веќе бев прилично и уморен и исцрпен. Бајага вика „442 до Београда“, али ја имав едно 700... 750 до Скопље. А веќе беше и темно и малку ладно.

Но сето ова е секундарно. Секундарно е што воглавном денот веќе ми помина во возење и мрцварење низ Варна и предградијата. Секундарно е што имав три пива у мене. Секундарно е што цела ноќ ќе возам накај Скопје и нема да одмарам.

Да.

Примарно е моето предно тркало. Поточно, звукот кој тоа го произведува. Таму негде, околу осовината. Лагерот. Возам и се борам со ноќта и бугарските патишта, кои располагаат со изобилие дупки. Меѓутоа, менталната тортура која ја конзумирам, е само и само, резултат на тој језив звук.

Заборавив да ја земам марамата и намотам околу вратот, така да малтене ми е веќе замрзнат. Лето е, но кога ноќно време крстариш низ и околу Стара Планина, милост – не барај.

Поминувам низ секакви предели, а најегзотични се оние, кои стално негде те усмеруваат и насочуваат испод одредени подвожњаци и / или одредени импровизации, кои би требало да претставуваат понтонски мостови.

Возам кроз некои вирови вода (мали езера), додека некои видови диви животни зачудено ја следат мојата траекторија и се прашуваат, што сум и кој е мојот план?? Практично, се запрашуваат; „кој е дивиот“ у ситуацијава.

А јас пак за цело време сум опседнат со лагерот и морничавиот звук. Звук, кој цело време „ми вели“: „-толку е брат; кај и да е, предново тркало ќе ти укочи и ќе останеш тука, у шумава ...и ќе му ја мислиш, тек тогаш. А посредно и мојот тим „ќе му ја мисли“, кога ќе сфатат дека нема визирани пасоши, дека нема визи...

Ова сознание ме убива... ме измачува „со средновековни методи“ и ми пласира еден бескраен ужас... конечно влагам у Софија. Сабајле рано, околу 2 и пол, 3 е. Застанувам на една бензинска Shell.

Како и на секоја бензинска претходно, ги замолувам вработените да го подигнеме предното тркало и да го вртиме пажљиво, како кроз бојата на звукот, се обидам да го откријам узрокот, кој го креирал.

Ми помагаат и го правиме тоа, али освен гребењето и вибрирањето, кои секако се извесни, тешко ми е да дојдам до коректна конклузија. Решавам да му вртам на Јавор. Иако е екстремно рано, одлуката ја темелам и оправдувам, врз аргументи, кои не само ги сматрам за разумни, туку и ултимативни. Алтернативна солуција, едноставно – не гледам.

Јавор ми е пријател од Софија, кој го знам од мото-собири.

Не ми дига, се разбира.

Искача дека има(ло) и друга опција. А тоа е да продужам накај Македонија. Тоа е тоа. Со она со кое располагаш на масата, со тоа ќе праиш ручек. Сум чул, така викаат.

Возам... Перник, Радомир... Ќустендил. Граница. Влагам во Македонија. Цариниците се чудат. Некои од нив беа на смена кога не испратија и сега ништо не им е јасно, што у ствари барам сега тука. Им ја кажувам вистината. Забележувам како сочувствуваат со мојава ситуација и ми посакуваат среќен пат и мисијата да ја завршам успешно.

Пристигнувам во Скопје. Се разденува. Звукот, мојот пријател, е поприсутен од било-кога. Сепак, конечно сум во Тафталиџе Еден. Но не одам дома. Не сакам. Дома ќе отидам кога ќе треба да отидам дома. А тоа е кога ќе се вратам од релито Естонија.

Затоа одам кај сестра ми и ѝ тропам на внука ми на прозор. Го отвара и јас влагам во нејзината соба (низ прозор) и легнувам на нејзиното место. Таа треба да се снаоѓа каде ќе го продолжи својот сон, кој јас брутално ѝ го прекинав.

По неполн час, час и половина се будам. Откако сфаќам кај сум, што сум, веднаш, без размислување му вртам на мајстор Сале од Прашка. Недела е. Го будам. У најкратки црти му ја презентирам ситуацијата. Он ми кажува само едно, единствено зборче:

„Дојди“.

… To be continued   -продолжува-


Ако го пропуштивте, првиот дел е овде.

Ако го пропуштивте, вториот дел е овде.

bobiПроф. Боби Иванов,
Магистер по Филозофија

 

Ставовите и мислењата изразени во категоријата Колумни се на авторите и нужно не ги одразуваат официјалните позиции на Мотори.ком.мк

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: