(Време на читање: 2 - 3 минути)


Марк Маркез беше на само два круга од освојување на светската титула во MotoGP, но дождот и една грешка во седмиот свиок го одложија славјето. Шпанецот падна додека се наоѓаше на третата позиција во спринтот во Портимао, а Марко Бецеки стигна до убедлива победа за Aprilia. Борбата за шампионската титула продолжува утре, кога на Маркез ќе му биде доволно деветто место за математички да ја обезбеди титулата.

Бецеки го започна денот со нов апсолутен рекорд на патеката и пол-позиција, а одличната форма ја пренесе и во спринтот. Италијанецот водеше од почетокот до крајот на трката од 12 круга и победи со предност од 8,378 секунди пред Раул Фернандез од Trackhouse Aprilia.

Третото место му припадна на Алекс Маркез, додека Педро Акоста заврши четврти. Хорхе Мартин, главниот конкурент на Марк Маркез за шампионската титула, ја заврши трката на петтата позиција.

Report MGP SPR PT TOP

Маркез беше на чекор до титулата

По стартот од втората позиција, Маркез не успеа да го следи темпото на Бецеки, а набрзо пред него се најде и Раул Фернандез. Сепак, третото место беше повеќе од доволно за возачот на Ducati да ја обезбеди титулата, со оглед на позицијата на Мартин.

Временските услови постепено се влошуваа. Уште во вториот круг беше истакнато белото знаме, со кое на возачите им беше дозволено да ги заменат мотоциклите доколку условите на патеката го бараат тоа.

На претпоследниот круг, додека беше на третото место, Маркез ја загуби контролата над својот Ducati во седмиот свиок и заврши во чакалот. Тоа беше крај на неговиот настап, но и на можноста титулата да биде решена во саботниот спринт.

Мартин го искористи откажувањето на Маркез и со освоените пет бода ја намали разликата во генералниот пласман од 60 на 55 бода.

Резултати од спринтот – MotoGP Португалија 2026

Поз.ВозачЗаостанувањеБодови
1 Марко Бецеки 19:48.999 12
2 Раул Фернандез +8.378 9
3 Алекс Маркез +11.568 7
4 Педро Акоста +11.888 6
5 Хорхе Мартин +12.058 5
6 Аи Огура +12.217 4
7 Фабио ди Џанантонио +12.658 3
8 Фабио Квартараро +18.392 2
9 Икер Лекуона +19.077 1
10 Џек Милер +19.467 0
11 Енеа Бастијанини +21.898 0
12 Џејк Диксон +22.380 0
13 Пол Еспаргаро +22.569 0
14 Алекс Ринс +26.136 0
15 Лука Марини +27.065 0
16 Франко Морбидели +39.024 0
— Марк Маркез Пад 0
— Бред Биндер Не заврши 0
— Жоан Зарко Не заврши 0
— Фермин Алдегер Не заврши 0
— Аугусто Фернандез Не заврши 0
— Диого Мореира Не заврши 0

Генерален пласман по спринтот

Поз.ВозачБодовиРазлика
1 Марк Маркез 431 —
2 Хорхе Мартин 376 -55
3 Марко Бецеки 369 -62

Што му е потребно на Маркез утре?

И покрај денешниот пад, Маркез сè уште е во одлична позиција. Во преостанатиот дел од сезоната се достапни уште 62 бода: 25 на утрешната трка во Португалија и 37 на последниот тркачки викенд во Валенсија.

Доколку Маркез утре заврши најмалку деветти, ќе биде светски шампион без оглед на резултатите на Мартин и Бецеки.

Постојат и други комбинации кои му одат во прилог:

  • Ако Мартин победи, на Маркез му е потребно најмалку деветто место.
  • Ако Мартин заврши втор, на Маркез му е доволно 14-то место.
  • Ако Мартин заврши трет или послабо, Маркез ќе ја обезбеди титулата дури и без освоени бодови.

Утрешната главна трка за Големата награда на Португалија започнува во 14:00 часот по македонско време.

По денешната драма, Маркез ќе има нова шанса да ја освои својата осма титула во кралската класа, односно десетта светска титула во кариерата.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: