(Време на читање: 2 - 3 минути)


Љубителите на рели-раид дисциплината добиваат ретка можност да го доживеат Дакар 2027 одвнатре, преку петдневна мотоциклистичка авантура во Португалија. Оваа ексклузивна тура, ограничена на мала група од 8 до 10 учесници, овозможува директен пристап до случувањата зад сцената, придружувани од легендарниот Симон Марчич.

Цената на ова доживување изнесува 2.350 евра, а вклучува професионално водење, изнајмување на мотор од средна или мала класа (како KTM 390 или CFMOTO 450MT) и четири ноќевања во приватна вила (7-11 јануари 2027). За оние кои патуваат во група, достапен е попуст од 10% или фиксен попуст од 235 евра за резервации на две или повеќе лица.

dakar-f-1024x576-2

Увид во светот на Дакар

Учесниците ќе имаат можност да го следат Симон Марчич, кој зад себе има 12 настапи на Дакар, вклучително и во категоријата „Original by Motul“. Програмата предвидува посета на официјалниот бивак во Луле, следење на техничкиот преглед на мотоциклите и присуство на официјалниот старт на подиумот на стадионот Алгарве (подлежи на потврда). Во зависност од расположливоста и официјалните дозволи, дел од учесниците може да добијат можност да преноќат во самиот бивак.

dakar-bivouvac-simon-marcic-2

Распоред и активности

Турнејата се одвива од 7 до 11 јануари 2027 година. По пристигнувањето и запознавањето на 7 јануари, следните денови се исполнети со динамични активности:

  • 8 јануари: Посета на бивакот во Луле, технички преглед и возење низ Алгарве.
  • 9 јануари: Старт на подиумот и следење на прологот (над 100 км врска и над 29 км специјален испит).
  • 10 јануари: Следење на првата етапа (над 200 км врска и над 100 км специјален испит) со дополнително возење низ регионот.

Покрај рели-активностите, учесниците ќе уживаат во возење по асфалтни и теренски патишта низ јужна Португалија. За учество е неопходна важечка возачка дозвола за мотоцикл, и претходно искуство во оф-роуд.

simon-marcic-dakar-2022-2

Релито Дакар на еден или друг начин е сон за огромен број љубители на мото спортот. Да се биде дел од него е привилегија. Годинава јас учествувам по 13 пат, мојот среќен број, но за прв пат имам шанса да го споделам тоа искуство со фанови кои не биле на Дакар. Стартот во Португалија е совршена шанса за луѓето кои секогаш неуморно сакаат да слушаат некоја од легендарните Дакар приказни. Којзнае каква ќе биде одлуката на организаторите за следните години, можеби ова ќе биде уникатна шанса ексклузивна група на луѓе да го искусат Дакар одблиску, заедно со нас натпреварувачите, во бивовакот, на официјалниот старт и на патиштата низ јужните делови на Португалија.Изјави Симон Маричич за мотори.ком.мк

Важни информации

Во цената не се вклучени авионските билети, горивото за изнајмените мотори, храната, личните трошоци, патната и медицинската осигурителна полиса, како и опремата за возење (дополнително ќе се потврди). Уплатата мора да се изврши најдоцна три недели пред почетокот на турата преку фактура или онлајн плаќање. Организаторот нуди можност за бесплатно откажување со целосен поврат на средствата до 15 декември 2026 година.

rally-bike-ktm-2

За повеќе информации и резервации, посетете го сајтот на Симон.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: