Шефот на Ducati, Џиџи Дал’Игна ги отфрли обвинувањата дека е нелегален додатокот кој го има на нивниот мотоцикл и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.
Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.
FIM потврди дека жалбата која тимовите ја поднесоа против Ducati ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд надлежен за MotoGP а сослушувањето треба да се одржи овој месец.
Тимскиот менаџер на Suzuki, Давиде Бривио, тврди дека новиот уред на мотоциклот на Ducati има врска со аеродинамиката. Вели дека Suzuki поднесе жалба со цел засекогаш да се реши проблемот.
МотоГП шампионатот официјално започнува утре со првите тренинг сесии. Погледнете го распоредот за викендот и не заборавајте, МотоГП трката во недела започнува во 18 часот по наше време.
Маверик Вињалес вели дека сега откако повторно го има потребниот ритам, ќе може да се бори за место на подиумот. Сепак признава дека се уште е потребен развој на мотоциклот на Yamaha.