После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи и возбудувања, Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалниот настап„ Gran Premio Motul de la Comunitat Valenciana “, деветнаесетата и последна трка од сезоната .

Најдобрите возачи и тимови на планетата во периодот помеѓу 15-ти и 17-ти ноември ќе се појават во Валенсија, на патеката каде што Motul е главен спонзор. Шпанските фанови се познати по нивната поддршка а MotoGP има неколку возачи кои доаѓаат од оваа држава, меѓу кои најпознати се светскиот шампион, Марк Маркез и возачот на Suzuki, Алекс Ринс.

Меѓу тимовите кои ќе се појават на патеката се и две фабрички екипи кои имаат специјална врска со Motul: Официјалниот тим на Suzuki за кој настапуваат домашните херои Алекс Ринс и Јоан Мир. Оваа сезона Ринс има постигнато две победи. Во моментов е на четвртото место во генералниот пласман но има добри шанси да се искачи една позиција погоре.

Шпански возач има и Avintia Reale Racing, иако Тито Рабат и неговиот Чешки колега, Карел Абрахам, оваа година немаат толку успешен настап како двоецот на Suzuki. Но и тие планираат да имаат добар настап на последната трка од шампионатот.

2018 19 GP Valencia txt 1 13 11

За Motul, трката во Валенсија ќе биде посветена на фановите и на нивните производи. Во пресрет на трката, вработените во Motul ќе покажат и објаснат како најдобро да ги користите различните производи од палетата на MC Care. Се разбира, Motul ги има најдобрите производи за вашиот мотоцикл.

Во однос на кацигите, ќе има специјален настан кој ќе се пренесува во живо на социјалните мрежи на MotoGP и Motul. Фановите ќе можат да се натпреваруваат и да видат кој најдобро ќе ја исчисти кацигата користејќи производи од MC Care. Победник ќе биде оној кој ќе исчисти најмногу кациги во рок од три минути. Како награда тој ќе добие пристап за двајца во гаражите на MotoGP тимовите. А покрај ова, сите кои ќе бидат дел од натпреварувањето  ќе добијат и бесплатен примерок од Motul Helmet и Visor Clean.

Motul е светски позната Француска компанијата која се занимава со прозвдство и дистрибуција на високо квалитетни лубриканти за моторот (мотоцикли, автомобили и други превозни средства). Преку MotulTech тие произведуваат и лубриканти за индустриските машини.

Повеќе од 165 години тие се познати по квалитетот и иновативноста на своите производи. Motul е исто така познат и како специјалист за синтетичките лубриканти.  Тие беа првата компанија која произведе 100 проценти синтетички лубрикант, 300V.

Во текот на годините, тие станаа официјален снабдувач со лубриканти на голем број на тимови и помагаат во понатамошниот развој на сите сегменти од мотоспортот.

Motul директно ги поддржува: 24 Hours of Le Mans (автомобили и мотоцикли), FIA World Endurance Championship, Super GT, Drift, MotoGP, World Superbike, World MX, Endurance World Championship, Supercross, IOM TT, Rallycross, F1 Boat.

Back To Top