Резултати од Гран При трката на Валенсија. Уште еден импресивен настап на шампионот Марк Маркез.
Марк Маркез ја заокружи шестата MotoGP титула во кариерата со уште една импресивна трка на патеката во Валенсија. За него ова беше единаесета победа оваа сезона.
Иако имаше слаб старт на трката, веќе во седмиот круг успеа да го преземе водството и остана таму се до самиот крај. На 19 трки оваа сезона, тој постигна 11 победи а 8 пати заврши на втората позиција. Само трката во САД не успеа да ја извози до крај. Со оваа победа, тимот успеа да ја освои тројната круна, односно титулата кај возачите, производителите и тимовите.
Маркез трката ја стартуваше од првиот ред но набрзо се најде на шестата позиција. Веќе во вториот круг се најде на третото место откако успеа да ги претекне Алекс Ринс и Андреа Довициозо. На крајот на истиот круг го претекна и Џек Милер а потоа се пушти во потера по Фабио Куартараро, возачот кој стартуваше од пол позицијата.
Постепено ја намалуваше предноста а веќе во седмиот круг ја искористи предноста на неговиот мотоцикл и го помина Французинот.
Иако ја посакуваше победата, со овој резултат Куартараро се искачи на петата позиција во генералниот пласман и се најде пред возачот на фабричкиот тим на Yamaha, Валентино Роси.
Џек Милер ја освои третата позиција и ова за него беше петти подиум оваа сезона. На четвртата и петата позиција завршија Андреа Довициозо и Алекс Ринс.
Иако имаше добра брзина за време на тренинзите, Маверик Вињалес трката ја заврши на шестото место а ведна зад него беа Јоан Мир и Валентино Роси.
Иако се чинеше дека Андреа Ианоне ќе заврши меѓу најдобрите десет возачи, тој сепак не го извозе последниот круг. Тоа му овозможи на Алеш Еспаргаро да дојде до деветата позиција додека пак Пол Еспаргаро го освои десетото место за КТМ.
Тито Рабат беше подобар од Мика Калио во битката за единаесетата позиција а Хорхе Лоренцо, за кого ова беше последна трка во кариерата, заврши на тринаесетото место.Последните две места кои носат поени ги освоија Карел Абрахам и Хафиз Сиахрин.
Втора трка по ред, мотоциклите на LCR Honda не успеаа да стигнат до самата цел. Кал Кратчлоу излета надвор од патеката уште на самиот старт на трката додека пак Јохан Зарко беше дел од инцидентот во кој учествуваа дури три мотоцикли.
Прв излета Данило Петручи а потоа и Јохан Зарко. Неколку моменти подоцна, на истото место надвор од патеката заврши и Икер Лекуона, за кого ова беше деби трка. Во моментот додека Зарко одеше кон гаражата, на него налета мотоциклот на Лекуна. Иако повредата која ја доби делуваше сериозно и Зарко на носилка беше изнесен надвор од патеката, сепак помина без посериозни последици.
2019 Валенсија MotoGP резултати
Позиција Возач Тим Резултат
- Марк Маркез Repsol Honda RC213V 41м. 21,469
- Фабио Куартараро Petronas Yamaha YZR-M1 + 1.026
- Џек Милер Pramac Ducati GP19 + 2.409
- Андреа Довициозо Ducati Team GP19 + 3.326
- Алекс Ринс Suzuki Ecstar GSX-RR + 3.508
- Маверик Вињалес Monster Yamaha YZR-M1 + 8.829
- Јоан Мир Suzuki Ecstar GSX-RR + 10.622
- Валентино Роси Monster Yamaha YZR-M1 + 22.992
- Алеш Еспаргаро Factory Aprilia Gresini RS-GP +32.704
- Пол Еспаргаро Red Bull KTM Factory RC16 +32.973
- Тито Рабат Reale Avintia Ducati GP18 +42.795
- Мика Калио Red Bull KTM Factory RC16 +45.732
- Хорхе Лоренцо Repsol Honda RC213V +51.044
- Карел Абрахам Reale Avintia Ducati GP18 +1м 04.871
- Хафиз Сиахрин Red Bull KTM Tech3 RC16 +1м 16.487
DNF Андреа Ианоне Factory Aprilia Gresini RS-GP 26 круга
DNF Франко Морбидели Petronas Yamaha YZR-M1 18 круга
DNF Данило Петручи Ducati Team GP19 13 круга
DNF Јохан Зарко LCR IDEMITSU Honda RC213V 13 круга
DNF Икер Лекуона Red Bull KTM Tech3 RC16 13 круга
DNF Кал Кратчлоу LCR Honda RC213V 10 круга
DNF Микеле Пиро Ducati Team GP19 8 круга
DNS Франческо Бањаиа Pramac Ducati GP18
Би можело да ве интересира
HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори.
Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.
„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу
Мото клубот Мечки и оваа година нема да ги заборави дечињата од дневниот центар за лица со посебни потреби од Куманово.
Во организација на О.К.Класик и Општина Сопиште на 14.12.2019год организираат манифестација од спортско рекреативен карактер АТВ И МОТО ДЕН СОПИШТЕ.
Со цел ‘Mother of Hard Enduro’ да стане малку полесен за натпреварувачите на настанот ќе се приклучи и Motul. Компанијата ќе отвори Bike Wash.