Резултати од трката која се возеше на Филип Ајленд. Интересна борба во која победникот беше одлучен во последниот круг.
Марк Маркез стигна до нова победа на Гран При трката на Австралија откако успеа да го победи Маверик Вињалес. Возачот на Yamaha се лизна на два свиока до крајот на трката.
Исто како што направи во борбата против Куартараро во Мисано и Бурирам , Шпанецот и тука ја искористи последната шанса да го претекне Вињалес. Откако беше поминат, Вињалес немаше што многу да направи и мораше да притисне до крај за да се обиде да се врати на истата позиција. Во привиот свиок влезе од надворешната страна а во вториот од внатрешната. Сепак, загуби контрола над задното тркало и се лизна надвор од патеката.
Ова беше големо разочарување за Вињалес кој уште во деветиот круг успеа да дојде до лидерската позиција. Маркез долго време го следеше и го чекаше само вистинскиот момент кога да се обиде и да го претекне.
За Светскиот шампион ова е единаесета победа оваа сезона и ја зголеми предноста на табелата на 135 поени. До крајот на сезоната остануваат уште две трки.
Несреќата на Вињалес му овозможи на Кал Кратчлоу да се искачи на подиумот а тимот на Honda стигна до 1-2 победа. Ова за него беше трет подиум оваа сезона.На големо воодушевување на публиката, третото место го освои домашниот возач Џек Милер. Тој стана првиот Австралиски возач по Кејси Стонер во 2012 година кој успеал да дојде до место на подиумот на оваа патека.
Одлична трка имаше и возачот на Pramac Ducati, Франческо Бањаиа кој заврши на четвртото место. Ова за него беше најдобар пласман оваа година. Јоан Мир од Suzuki беше петти.
Најдобар пласман оваа сезона постигна и Андреа Ианоне кој го освои шестото место а зад него се најдоа Андреа Довициозо и Валентино Роси. Возачот на Yamaha беше лидер во првите етапи од трката но постепено почна да паѓа се подолу на табелата.
Трката прерано ја заврши Фабио Куартараро кој беше дел од инцидентот кој го предизвика Данило Петручи.
Јохан Зарко, кој го имаше првиот настап за LCR Honda заврши на тринаесетата позиција и ги освои првите бодови за новиот тим. Хорхе Лоренцо заврши на шестнаесетата позиција.
Резултати од Гран При трката на Австралија
Позиција Возач Тим Време
1. Марк Маркез Repsol Honda RC213V 40м 43.729
2. Кал Кратчлоу LCR Honda RC213V +11.413
3. Џек Милер Pramac Ducati GP19 +14.499
4. Франческо Бањаиа Pramac Ducati GP18 +14.554
5. Јоан Мир Suzuki Ecstar GSX-RR +14.817
6. Андреа Ианоне Factory Aprilia Gresini RS-GP +15.280
7. Андреа Довициозо Ducati Team GP19 +15.294
8. Валентино Роси Monster Yamaha YZR-M1 +15.841
9. Алекс Ринс Suzuki Ecstar GSX-RR +16.032
10. Алеш Еспаргаро Factory Aprilia Gresini RS-GP +16.590
11. Франко Морбидели Petronas Yamaha YZR-M1 +24.145
12. Пол Еспаргаро Red Bull KTM Factory RC16 +26.654
13. Јохан Зарко LCR IDEMITSU Honda RC213V +26.758
14. Карел Абрахам Reale Avintia Ducati GP18 +44.912
15 Хафиз Сиахрин Red Bull KTM Tech3 RC16 +44.968
16 Хорхе Лоренцо Repsol Honda RC213V +1м 06.045
DNF Маверик Вињалес Monster Yamaha YZR-M1 26 круга
DNF Мика Калио Red Bull KTM Factory RC16 24 круга
DNF Тито Рабат Reale Avintia Ducati GP18 2 круга
DNF Данило Петручи Ducati Team GP19 0 кругови
DNF Фабио Куартараро Petronas Yamaha YZR-M1 0 кругови
DNS Мигел Оливеира Red Bull KTM Tech3 RC16

Коментари