MotoGP

Резултати од MotoGP трката во Малезија: Победа на Вињалес на патеката во Сепанг

Резултати од MotoGP трката во Малезија. Убедлива победа на возачот на Yamaha, Маверик Вињалес. Марк Маркез заврши на второто место.

Следете нè на:

 

Резултати од MotoGP трката во Малезија. Убедлива победа на возачот на Yamaha, Маверик Вињалес. Марк Маркез заврши на второто место.

Маверик Вињалес стигна до вториот триумф оваа сезона откако победи на Гран При трката која се возеше во Малезија. Иако Фабио Куартараро имаше подобар настап за време на квалификациите, Вињалес имаше одлична брзина во текот на слободните теренинзи.

Иако Џек Милер беше во водство во првите неколку свиоци од трката, Вињалес пред крајот на првиот круг веќе го презеде првото место. Австралиецот му направи услуга на возачот на Yamaha откако успеа да ги задржи сите оние кои беа зад него.

Вињалес беше недостижен и пополека ја зголемуваше предност. Ова за него беше прва победа по трката во Асен и сега се искачи на третото место во генералниот пласман.

Маркез претрпе страшен пад за време на квалификациите и трката ја стартуваше од единаесетото место. Сепак, тоа не го спречи за кратко време да напредува и да ги претекне возачите кои беа пред него. После првите два свиока тој веќе беше на четвртата позиција а кратко време потоа се најде на второто место. На крајот сепак не можеше да го претекне Вињалес.

 DSC3707 copy

Интересна битка имаше за третото место. Андреа Довициозо имаше одличен старт и успеа да се одбрани од нападите на Валентино Роси. Возачот на Yamaha имаше една од подобрите трки оваа сезона но на крајот не успеа да излезе како победник во борбата со возачот на Ducati.

И Алекс Ринс во еден момент беше дел од борбата за третата позиција но на крајот и тој беше неуспешен. Шпанецот може да биде и среќен што успеа да ја заврши трката откако во борбата за петата позиција, тој се удри во мотоциклот на Џек Милер.

Контактот меѓу двајцата возачи влијаеше врз Милер кој падна подолу на табелата и се најде зад возачите на Petronas SRT Yamahas, Франко Морбидели и Куартараро.

Лоша трка имаше Французинот Фабио Куартараро. После првиот круг тој веќе беше на осмото место. До крајот не успеа премногу да го подобри резултатот и трката ја заврши на седмата позиција.

Милер ја задржа осмата позиција а во тоа му помогна Јоан Мир кој се судри со Јохан Зарко кон крајот на трката. Зарко беше многу блиску до Австралиецот и имаше шанса да го претекне. Сепак, грешката која ја направи Мир, кој беше веднаш зад него, го спречи во тоа. Возачот на Suzuki доби казна која го однесе на десетата позиција, веднаш зад Данило Петручи.

Пол Еспаргаро беше најдобриот возач на КТМ откако го освои единаесетото место а зад него се најде Пеко Бањаиа. Алеш Еспаргаро беше тринаесети додека пак Хорхе Лоренцо заврши на четиринаесетата позиција. Мика Калио го освои последното место кое носи поени.

Кал Кратчлоу не ја заврши трката откако во дванаесетиот круг излета надвор од патеката.

Резултати од MotoGP трката во Малезија

Позиција                      Возач                       Тим                                        Резултат

1.                                Маверик Вињалес     Monster Yamaha YZR-M1        40м 14. 632

2.                                Марк Маркез             Repsol Honda RC213V            +3.059

3.                                Андреа Довициозо     Ducati Team GP19                 +5.6113.

4.                                Валентино Роси         Monster Yamaha YZR-M1       +5.611

5.                                Алекс Ринс               Suzuki Ecstar GSX-RR           +6/3505.

6.                               Франко Морбидели    Petronas Yamaha YZR-M1      +6/350

7.                               Фабио Куартараро     Petronas Yamaha YZR-M1      +12.8647

8.                               Џек Милер                 Pramac Ducati GP19              +17.2528.

9.                               Данило Петручи         Ducati Team GP19                 +19.7739

10.                             Јоан Мир                   Suzuki Ecstar GSX-RR            +22.854

11.                             Пол Еспаргаро           Red Bull KTM Factory RC16    +24.821

12.                            Франческо Бањаиа     Pramac Ducati GP18              +30.251

13.                            Алеш Еспаргаро         Factory Aprilia Gresini RS-GP  +30.447

14.                            Хорхе Лоренцо           Repsol Honda RC213V             +34.215

15.                            Мика Калио                Red Bull KTM Factory RC16     +34.461

16.                            Хафиз Сиахрин           Red Bull KTM Tech3 RC16        +44.319

17.                            Kарел Абрахам          Reale Avintia Ducati GP18        +47.343

DNF                         Јохан Зарко                LCR Honda RC213V                 15 круга

DNF                         Кал Кратчлоу              LCR IDEMITSU Honda RC213V 17 круга

DNF                         Андреа Ианоне           Factory Aprilia Gresini RS-GP   11 круга

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Валентино Роси дојде до моментот кога треба да одлучи  дали ќе ја продолжи MotoGP кариерата или ќе замине во пензија. Поранешниот ривал Макс Бијаџи има поинаква идеја.

Меморандумот ги поставува основите за нова земја да може да се приклучи на календарот.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

Ви ги претставуваме најновите и најдобрите нејкед мотоцикли кои беа дел од EICMA.

Ви ги претставуваме најновите туринг мотоцикли кои се појавија на најважното мото шоу на планетата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.