- Банерот е успешно зачуван
- Напишано од: Motori.com.mk
Мотоциклистот на Репсол Хонда Дани Педроса триумфираше на Големата награда на Арагон, додека веднаш по него целта ја минаа Хорхе Лоренцо од Јамаха и Андреа Довициозо од Монстер Јамаха Тек 3.
Денешните два тренинзи на Арагон беа одбележани од лошите услови на патеката. Првиот тренинг беше одложен заради масло на патеката, па повеќето од возачите одлучија да останат во боксовите. Вториот тренинг го одбележа целосно мократа патека но овојпат барем сите возачи се појавија на патеката.
Одличната трка помеѓу Хорхе Лоренцо и Дани Педроза ја одбележа 12 рунда во МотоГП шампионатот. Борбата за првата позиција траeше од првиот до последниот круг, а Хорхе Лоренцо ја имaше предноста се до 10 круга пред кrајот кога Педроза успеа да го помине.
На денешната прес конференција пред квалификациите за трката на Брно, Кал Крачлоу ги прекина шпекулациите за неговата иднина. Британецот и следната година ќе го гледаме во Јамаха Теч3 тимот, каде клубски колега ќе му биде сонародникот Бредли Шмит.