Заради повредите на раката со кои се здоби на трката во САД, возачот на Дукати Кал Крачлоу нема да настапи на трката во Аргентина која се вози овој викенд.

craclou-argentina

Заради повредите на раката со кои се здоби на трката во САД, возачот на Дукати Кал Крачлоу нема да настапи на трката во Аргентина која се вози овој викенд.

Првичните прегледи покажаа дека Крачлоу има само изместување на малиот десен прст, но потоа во Сан Диего му беше извршен детален преглед по што беше констатирана и фрактура на прстот. Заради тоа на Крачлоу ќе му биде извршена мала хируршка интервенција со која ќе му се стабилизира прстот. Иако не станува збор за голема повреда или нешто што ќе го оддалечи од патеките на подолг период, Кал сепак ќе мора да паузира токму на дебито на новата патека во Аргентина.

Крачлоу е еден од неколкуте возачи кои ја имаат пробано Аргентинската патека, минатата година тој беше дел од дводневното тестирање на патеката „Termas de Rio Hondo“.

Навистина жалам што ќе го оставам тимот на цедило, сакав да возам во Аргентина. Третманот на раката ќе ми помогне но чувствувам премногу голема болка и нема да можам да возам вака. Се враќам во Англија за да продолжам со терапијата и се надевам дека ќе бидам подготвен за трката на Херез - изјави Крачлоу.

На негово место на трката во Аргентина ќе го видиме Микеле Пиро, кој ќе вози заедно со Андреа Довициозо за Дукати.

Трката се вози во недела со почеток во 19 часот по наше време, со пренос на СпортКлуб каналот.

Back To Top