Поранешниот светски шампион Марк Маркез, беше најдобриот возач на тимот на Honda, на првиот претсезонски тест за оваа година кој се оддржа на патеката во Сепанг.
„Јас завршив повеќе од валканата работа во споредба со него, извозев и повеќе кругови. Тој се концентрираше повеќе на перформансите. Но во секој случај, времето кое го постигна е импресивно,“ изјави Валентино Роси.
Двајцата возачи имаат по два мотори кои се опремени со различни спецификации на моторот, едниот веќе го пробаа на патеката во Херез во ноември, а другиот е именуван како „еволуција“.