MotoGP

Petronas Yamaha: Роси – Лоренцо би биле интересна комбинација

Petronas Yamaha можеби го загуби главниот возач за сезоната 2021, но сателитскиот тим веќе се поврзува со серија на познати возачи, меѓу кои Валентино Роси и Хорхе Лоренцо.

Следете нè на:

 

Petronas Yamaha можеби го загуби главниот возач за сезоната 2021, но сателитскиот тим веќе се поврзува со серија на познати возачи, меѓу кои Валентино Роси и Хорхе Лоренцо.

Petronas Yamaha можеби го загуби главниот возач за сезоната 2021, но сателитскиот тим веќе се поврзува со серија на познати возачи, меѓу кои Валентино Роси и Хорхе Лоренцо. За првиот човек на тимот, овие двајца возачи би биле незгодна но истовремено и интересна опција.

Италијанецот веќе откри дека доколку продолжи да вози и во 2021-ва година, тимот на Petronas Yamaha би бил добра опција.

„За мене Petronas е одлична опција. Ситуацијата таму е навистина добра. Имаат добар, млад, тим и можност за напредок. Имаат финансии и се навистина сериозни“, изјави Роси за време на тестот во Сепанг.

На ова може да се додаде и информацијата која се појави пред неколку дека, а според која Лоренцо би можел да се врати од пензија. Сепак, ова ќе зависи од тоа дали додека е тест возач на Yamaha, повторно открие дека има брзина но и мотивација за тркање.

Иако овие две опции во моментов се далеку од сигурни, Разали вели дека сигурно ќе се сети на нив кога ќе го прави планот за сезоната 2021.

„Незгодно но истовремено и интересно“, изјави Разали на прашањето околу можноста да потпише договор со Роси и Лоренцо. „Се уште не сме почнале да размислуваме за следната сезона. Но морам да признаам дека тие се интересна опција.“

Rosi Lorenzo txt 17 02

Тука секако е и Франко Морбидели за кој постојат големи шанси да го задржи местото во Petronas Yamaha. Тимот исто така ќе биде интересна опција за многу возачи, пред се поради М1 машината која е една од најлесните за адаприрање во Премиерната класа.

„Има многу млади возачи кои ги следиме а ќе видиме и кој ќе се покаже оваа година“, вели Разали.

Првиот човек на тимот вели и дека напредокот на Квартараро претставува голем комплимент и за нив, со оглед на тоа дека Французинот дебитираше минатата сезона. Но и покрај напредокот, Разали вели дека тимот е фокусиран да ги подобри резултатите оваа година.

„Горди сме што Квартараро ќе продолжи да биде дел од тимот на Yamaha барем уште две години. Мислам дека е природно кога возач од сателитски тим преминува во фабричка екипа. Многу сме среќни поради него.“

„Но во исто време, очекуваме во 2020-та година да продолжи со добрата работа. Очекувањата сега се поголеми и се надевам дека ќе има добри резултати.“

А со оглед на тоа дека Роси најави дека прво ќе види каков ќе биде неговиот настап на почетокот на сезоната па потоа ќе одлучи околу неговата иднина, можеме да очекуваме некаде во текот на летото, Petronas Yamaha да ги соопшти имињата на возачите кои ќе настапат за нив во сезоната 2021.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Иако сите со нетрпение ги чекаме трките кои се одложени поради вонредната состојба со корона вирусот, нашиот натпреварувач Христијан Бузалковски (Seventy One Team) не застанува со подготовките.

Како што беше очекувано, трката од МотоГП шампионатот во Херез официјално е одложена.

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – кои од вечерва се намалуваат за, 3.00, 4.50, односно 5.00 денари!

Honda Rebel крузерите добија подобрувања за сезоната 2020.

Шпекулациите дека наместо предвидениот термин од 31-ви мај до 10-ти јуни трката ќе биде преместена за крајот на август се покажаа како неточни, Isle of Man TT 2020 е откажана.

Регулаторната Комисија за Енергетика значително ги намали малопродажните цени на горивата.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 12 Јуни 2020 - 13 Јуни 2020
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.