MotoGP

Зарко: Тешко се учат нови работи но јас сум навистина мотивиран

На патеката во Сепанг, Јохан Зарко дебираше со Avintia Ducati.

Следете нè на:

 

На патеката во Сепанг, Јохан Зарко дебираше со Avintia Ducati.

Јохан Зарко задоволен си замина од три дневниот тест во Сепанг. Францускиот возач поради повреда го пропушти тестот во ноември откако за време на Гран При трката на Валенсија се судри со возачот на КТМ, Икер Лекуона.

Во текот на трите дена на патеката во Малезија, Зарко успеа да го подобри своето најдобро време за речиси секунда и половина . Резултатот кој го постигна од 1 минута и 58.951 секунди беше доволен да се најде на петнаесетата позиција.

Ducati GP19 за Зарко беше четврти различен мотоцикл за само 15 месеци. Откако си замина од Tech3 имаше неуспешен настап со тимот на КТМ. Некаде на половина на сезоната, почна да вози за LCR Honda. Поранешниот шампион од Moto2 серијата вели дека ќе му биде потребно малку време за да се прилагоди на машината на Ducati.

И покрај тоа што имаше проблеми да се прилагоди на мотоциклот на КТМ минатата година, Зарко вели дека нема да ги има сега тие проблеми.

„Ова беше добар тест. Првиот ден беше малку тежок. Мислам дека можам да бидам побрз, се уште има работи кои треба да ги научам. Но по крајот на тестот видов дека имам напредок и со тек на време само уште повеќе ќе се подобрувам“, вели Зарко.

Zarko Avintia txt 14 02

„Мотоциклот има добро забрзување и треба да го искористам тоа. Со нетрпение чекам да дојде тестот во Катар бидејќи ќе имам уште три дена да поминам на патеката и да се подготвам за новата сезона.“

„Тешко се учат нови работи но јас сум навистина мотивиран.“

За време на тестот во Сепанг, Зарко беше за речиси шест десетинки подобар од тимскиот колега Тито Рабат кој настапи со вториот GP-19.  Возачите на Avintia Ducati ќе бидат единствените кои следната сезона ќе настапат со оваа машина. Натпреварувачите кои се дел од Ducati и Pramac ќе возат со новиот GP20.

Зарко и останатите возачи кои се дел од MotoGP повторно ќе се вратат на патеката за време на последниот претсезонски тест кој ќе се оддржи во Катар помеѓу 22-24 февруари.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Откако се појави скица од новиот дизајн, јасно можеме да видиме како би изгледал новиот мотоцикл.

Андреа Довициозо одби да потврди дали ќе остане во Ducati и по завршувањето на сезоната 2020 откако се појавија гласини дека во текот на зимската пауза, тимот имал разговори со неколку возачи.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

„Ако продолжиме да работиме напорно исто како и во изминативе 16 месеци, ќе имаме добра сезона“ - Џек Милер.

HRC тимот денеска објави дека Маркез ставил потпис на нов договор со кој шпанскиот возач останува во тимот до 2024 година.

Тимот на КТМ го претстави новиот мотор со кој ќе се натпреварува во МотоГП шампионатот.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 14 Март 2020 - 14 Март 2020
  • Beertija Pub
  • Frederik Shopen 4, 1000 Skopje

  • 28 Март 2020 - 28 Март 2020
  • Bad Boys Bar
  • Кочани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.