MotoGP

Алеш: Aprilia порано работеа како да се мал тим

После промените кои ги направија во текот на зимата, Алеш Еспаргаро вели дека Aprilia сега работи како голема екипа.

Следете нè на:

 

После промените кои ги направија во текот на зимата, Алеш Еспаргаро вели дека Aprilia сега работи како голема екипа.

Иако Алеш Еспаргаро е задоволен од напредокот кој го има кај 2020 RS-GP, вели дека е уште посреќен од тоа дека Aprilia почнала да функционира како голема екипа. Се надева дека овие промени во иднина ќе донесат и подобри резултати.

За време на тестот во Сепанг, Шпанецот покажа добра брзина. Новиот RS-GP е опремен со V4 мотор под агол од 90 степени како и со нова шасија. Еспаргаро тестот го заврши на десетото место со заостанување од 0.345 секунди зад Фабио Квартараро. Но и покрај ова, машината покажа голем напредок на правите делови од патеката.

„Резултатите кои ги постигнавме на тестот покажуваат дека сме компетитивни“, изјави Еспаргаро по завршувањето на тестот во Сепанг. Според него, еден од факторите за ова подобрување се должи и на промените внатре во тимот кој ги направи новиот извршен директор, Масимо  Ривола. Италијанецот се приклучи на екипата пред 12 месеци, а тоа пак овозможи Романо Албесиано да се фокусира на техничкиот дел.

Ривола пополека го развиваше инжинерскиот дел, а позајми неколку работи и од неговите ривали во MotoGP но и од Формула 1.

„Тој доаѓа од еден комплетно различен свет. Но работи паметно, го подобрува секој дел и прави да се чувствуваме како еден голем тим“, изјави Еспаргаро во Сепанг. „Иако Aprilia е голем бренд, ние работевме како да сме мала екипа. Тоа беше голема грешка.“

„Сега секој дел од тимот е подобрен и имаме многу повеќе инжинери. Вистина е дека некои од нив дојдоа од Формула 1, но донесоа свежи идеи. Мораме да им дадеме малку повеќе време бидејќи мотоциклот е нов.“

„Секако дека Формула 1 е нешто сосема поинакво но мислам дека тие подобро функционираат во гаражата.“

 DSC3342

Еспаргаро се надева дека со новата машина ќе може да постигне далеку подобри резултати отколку во изминативе две години.

„Мислам дека сега сме меѓу најдобрите и повеќе го немам она чувство кое преовладуваше во изминативе две години. На добар пат сме но не чека уште работа доколку сакаме да дојдеме до врвот.“

Еспаргаро и останатите тимови од MotoGP сега заминуваат за Катар каде ќе се оддржи последниот претсезонски тест во периодот помеѓу 22-24 февруари. Првата трка од сезоната ќе се оддржи на истата патека на 8-ми март.

Во моментов главна грижа за Yamaha останува Андреа Ианоне. Неодамна беше соопштено дека Италијанецот паднал на допинг тестот кој беше извршен по завршувањето на трката во Малезија.

Ианоне мораше да ги пропушти досегашните тестирање, а неговата иднина се уште е неизвесна. Според извештаите, неговите адвокати доставиле примерок од неговата коса кои докажуваат дека нема недозволени супстанци.

Доколку Ианоне не може да се натпреварува, негова замена ќе биде Бредли Смит. Во Сепанг, Aprilia го повика Лоренцо Савадори да го пополни местото на тест возач во тимот.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Како што беше очекувано, трката од МотоГП шампионатот во Херез официјално е одложена.

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – кои од вечерва се намалуваат за, 3.00, 4.50, односно 5.00 денари!

Honda Rebel крузерите добија подобрувања за сезоната 2020.

Шпекулациите дека наместо предвидениот термин од 31-ви мај до 10-ти јуни трката ќе биде преместена за крајот на август се покажаа како неточни, Isle of Man TT 2020 е откажана.

Регулаторната Комисија за Енергетика значително ги намали малопродажните цени на горивата.

Заради Корона вирусот МотоГП класата никако да започне, по првичното откажување на трката во Катар следуваше и одложување на Тајланд, потоа и Америка, а денеска беше одложена и трката во Аргентина.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 12 Јуни 2020 - 13 Јуни 2020
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.