Honda реагираше на одлуката на Хорхе Лоренцо да се врати во Yamaha само три месеци откако соопшти дека се повлекува од тркањето.

Првиот човек на Repsol Honda, Алберто Пуиг, вели дека навистина верувал дека Хорхе Лоренцо сака да се повлече од трките кога објави дека ја завршува MotoGP кариерата. Поранешниот шампион повлекувањето го објави за време на Гран При викендот во Валенсија и призна дека една од причините за ваквата одлука му се постојаните болки во грбот и неможноста да се бори за титулата со тимот на Repsol Honda.

Иако имаше уште една година од договорот, тој реши да се повлече, а екипата мораше да бара замена. На крајот потпишаа договор со Алекс Маркез.

Но само три месеци откако се повлече, тој повторно е назад во MotoGP откако стана тест возач за Yamaha, тимот со кој ги освои трите титули и стигна до 44 победи.

Но и покрај тоа што за многу кратко време се врати повторно на трките, Пуиг вели дека била исправна одлуката да се прекине соработката.

„Мораме добро да погледнеме на состојбата. Имавме договор на две години и ние не го прекршивме договорот.“

„Но кога возачот ќе дојде и ќе ни кажа дека сака да прекине со тркање, со оглед на неговата физичка состојба и тоа дека повеќе нема мотивација да вози со мотоциклот, единствено што можеме да направиме е да ги исполниме неговите желби и да ја прекинеме соработката.“

„Во ноември Лоренцо ни кажа дека не е подготвен да продолжи. Не сакавме да бидеме виновни доколку продолжеше да вози и се повредеше. Тој сакаше да прекине! Од наша страна ние бевме 100 проценти коректни. Не можеме да принудуваме некој да вози со 300 км/ч ако не го сака тоа.“

Lorenzo Yamaha txt 13 02

Иако засега Лоренцо е фокусиран само на тестовите, Yamaha најави дека тој можеби ќе настапи на одредени трки. Ова изненади многумина но и предизвика шпекулации дека Лоренцо намерно се пензионираше за да го раскине договорот со Honda. Други пак се прашуваат зошто Honda не презела нешто за да го спречи ова.

Сепак Пуиг смета дека Лоренцо едноставно се предомислил и дека не се пензионирал намерно.

„Поради некои причини одлучи да продолжи. Според нас, секој има право да прави што сака во животот. Го почитуваме тоа. Ние бевме среќни кога Хорхе одлучи да ја прифати оваа можност.“

„Тој не сакаше повеќе да вози. Што се случи после тоа, само тој знае. Ако сака да тестира за Yamaha, тоа е негова одлука. Ние не се мешаме во тоа.“

Back To Top