MotoGP

Кал Кратчлоу со ново предупредување до Honda

Кал Кратчлоу вели дека 2020 Honda RC213V ги има истите проблеми како и минатата година. За предниот дел на мотоциклот вели дека е дури и полош.

Следете нè на:

 

Кал Кратчлоу вели дека 2020 Honda RC213V ги има истите проблеми како и минатата година. За предниот дел на мотоциклот вели дека е дури и полош.

Кал Кратчлоу вели дека 2020 Honda RC213V  е се уште тежок за возење, а особено проблеми прави предниот дел од мотоциклот. И покрај успехот кој го постигна Марк Маркез минатата година, Кратчлоу многу често беше критички настроен кон тимот и развојот на мотоциклот. Според него, машината одговара само на стилот на возење на Шпанецот.

Поради проблеми со предниот дел, Кратчлоу неколку пати падна во текот на 2019-та година. А после првиот претсезонски тест во Сепанг, вели дека мотоциклот ги има истите проблеми.  Според Кратчлоу, иако RC213V е подобар во свиоците и на правците, потежок е за сопирање и при вртење.

„Мораме да се подобриме бидејќи мотоциклот повторно е тежок за возење“, вели возачот на LCR Honda. „Во моментов мислам дека имаме два различни проблеми. Едниот е со шасијата додека пак другиот е со моторот.“

„Задоволен сум од забрзувањето на моторот но не и од тоа како забавува. Во некои делови е полош во споредба со минатата година. Мораме да ги надминеме проблемите. “

 DSC3197 copy

Кал Кратчлоу и Марк Маркез се согласуваат во однос на проблемите кои ги има мотоциклот.

Во поредба со Yamaha и Suzuki, се чини дека Honda се уште има работа по завршувањето на тестот во Сепанг. Иако Маркез не беше во најдобра форма, признава дека го изненадиле перформансите на мотоциклот.

„Повеќе сум загрижен за техничкиот дел отколку за мојата форма. Не се доволно јасни работите кои ги пробавме. Некои работи беа подобри но мораме да продолжиме да работиме.“

Поради повредата на Маркез, поголем дел од товарот за време на тесотот падна врз грбот на Кратчлоу. Неговиот тимски колега, Такааки Накагами пак настапи со мотоциклот кој ги имаше минатогодишните спецификации.

Но и покрај загриженоста во однос на шасијата, Кратчлоу сепак беше задоволен што успеа тестот да го заврши со второ најдобро време.

„Позитивно е што се уште сум брз. Долго време се немав качено на мотоциклот но и покрај тоа постигнав добар резултат.“

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.