MotoGP

MotoGP: Лоренцо: Штета што не го возев новиот мотоцикл на Yamaha

„ Yamaha одлучи да не ми го даде новиот мотоцикл“ – Хорхе Лоренцо

Следете нè на:

 

„ Yamaha одлучи да не ми го даде новиот мотоцикл“ – Хорхе Лоренцо

Од можните шест дена во Сепанг, Shakedown тестот и официјалниот MotoGP тест, Хорхе Лоренцо на патеката се појави само два дена иако многумина со нетрпение го очекуваа неговиот настап како тест возач на Yamaha.

Поранешниот шампион, кој се повлече од трките во ноември минатата година, исто така мораше да се задоволи со настап на мотоциклот кој имаше спецификации за 2019-та година.

Шпанецот се надеваше дека ќе може да настапи со новата машина но за жал за тоа ќе мора да почека до следниот тест.

„Поради одредени причини, Yamaha одлучи да не ми го даде најновиот мотоцикл“, изјави Лоренцо кој заврши на дваесетото место но со заостанување од само 1.348 секунди зад најдобриот возач на Yamaha, Фабио Куартараро кој настапи со најновиот М1.

„Долго време размислуваа но на крајот одлучија да настапам со постарата верзија. За жал немавме доволно време ниту пак делови за да го тестирам новиот мотоцикл. “

Lorenco Yamaha Sepang Txt 10 02

Но и покрај тоа Лоренцо вели дека е среќен што повторно настапува со М1, машината со која стигна до 44 победи  додека беше дел од фабричкиот тим.

„Чувството е навистина убаво. За среќа или не, мотоциклот не е многу променет од времето кога јас настапував за тимот. Зависи како гледате на работите“, вели Лоренцо кој возеше за Ducati и Honda откако во 2016 година ја напушти Yamaha.

„Но мотоциклот и понатаму е компетитивен и е лесен за возење. За време на тестовите забележав неколку работи кои сметам дека не се добри и дека треба да ги поправиме. Но исто така има и некои предности кои мораме да ги задржиме.“

Лоренцо откри дека Yamaha го контактирала веднаш откако соопшти дека планира да се повлече од трките.

„Yamaha беа заинтересирани и веднаш ме контактираа. Требаше да одлучам дали и во иднина сакам да останам дел од овој свет и морам да признаам дека голема улога во тоа имаше Yamaha.“

Иако Лоренцо, кој сега работи со поранешниот шеф на тимот на Валентино Роси, Силвано Галбусера, не сакаше да открие кога повторно ќе се појави на патеката, ние повеќе или помалку знаеме кога ќе се случи тоа.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Откако се појави скица од новиот дизајн, јасно можеме да видиме како би изгледал новиот мотоцикл.

Андреа Довициозо одби да потврди дали ќе остане во Ducati и по завршувањето на сезоната 2020 откако се појавија гласини дека во текот на зимската пауза, тимот имал разговори со неколку возачи.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

„Ако продолжиме да работиме напорно исто како и во изминативе 16 месеци, ќе имаме добра сезона“ - Џек Милер.

HRC тимот денеска објави дека Маркез ставил потпис на нов договор со кој шпанскиот возач останува во тимот до 2024 година.

Тимот на КТМ го претстави новиот мотор со кој ќе се натпреварува во МотоГП шампионатот.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 14 Март 2020 - 14 Март 2020
  • Beertija Pub
  • Frederik Shopen 4, 1000 Skopje

  • 28 Март 2020 - 28 Март 2020
  • Bad Boys Bar
  • Кочани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.