(Време на читање: 1 минута)


 Мото Асоцијацијата на Македонија на македонските мото клубови на 11 октомври 2026 година во Гостивар го организира традиционалниот настан за затворање на мото сезоната.

Настанот ќе започне во 12:00 часот, а предвидено е неколкучасовно дружење на мото клубовите, индивидуалните моторџии и љубителите на мото културата од Македонија и регионот.

818335228 122313427820222950 2293266695372114414 n

Со собирот во Гостивар симболично ќе биде одбележан крајот на уште една успешна мото сезона, исполнета со бројни мото собири, патувања и активности на клубовите низ Македонија.

За добрата атмосфера ќе се погрижи музичката група PLAN G, која ќе настапи во рамките на програмата.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите МК, МС и МG клубови, интернационални мото клубови, индивидуални возачи, добронамерници и љубители на мото културата да присуствуваат и заеднички да ја испратат мото сезоната 2026.

📍 Гостивар
📅 11 октомври 2026
🕛 Почеток: 12:00 часот

Се гледаме во Гостивар!

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: