(Време на читање: 1 минута)


По успешното прво издание кое оваа година ги собра љубителите на adventure мотоциклизмот од регионот, организаторите на MARC ADV кампот ги објавија датумите за второто издание на настанот.

marc adv

M*A*R*C 2027 ќе се одржи од 3 до 6 јуни во околината на Охрид, а најголемата новина е проширувањето на програмата со уште еден ден посветен на возење.

Додека првото издание беше организирано како тридневен настан со еден главен ден на терен, следната година учесниците ќе може да одберат четиридневно искуство со два целосни денови adventure возење низ атрактивните предели на Охридскиот регион, Националниот парк Галичица и планината Караорман.

Организаторите најавуваат дека ќе ги задржат клучните елементи кои го одбележаа успешното деби на кампот, додека повеќе информации за програмата, специјалните гости и пријавувањето ќе бидат објавени во наредниот период.

Засега, љубителите на ADV мотоциклизмот можат да ги резервираат датумите од 3 до 6 јуни 2027 за второто издание на M*A*R*C.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: