Само 12 возачи се појавија на патеката на саботната трка од WorldSBK серијата.

Само 12 возачи се појавија на патеката на саботната трка од WorldSBK серијата. Шест возачи (Чез Дејвис, Сандро Кортезе, Марко Меландри, Леон Камиер, Риучи Кијонари и Јуџин Лаверти) ја пропуштија трката во знак на протест поради лошите услови на патеката.

20 минути пред стартот на првата трка, дури 14 возачи најавија дека нема да бидат дел од трката а како главна причина за таквата одлука ги наведоа лошите услови на патеката.

После големиот притисок кој го извршија првите луѓе на нивните тимови како и преставниците на Dorna, дел од возачите прифатија да ја стартуваат трката.

Ова предизвика голема полемика кај тимовите и многумина ги обвинија првите луѓе на серијата дека не се грижат доволно за безбедноста на возачите.

Во интервју за Crash.net, Јуџин Лаверти го обвини сонародникот Џонатан Реа дека не ги подржува останатите возачи. Актуелниот шампион и покрај тоа што изјави дека патеката не е безбедна за возење, сепак реши да ја стартува трката.

Чез Дејвис исто така го критикуваше Реа. Во интервју за Eurosport, Дејвис напомена и дека тимот им правел притисок на возачите да излезат на патеката.

Леон Камиер исто така беше жесток во обвинувањата кон првите луѓе на Dorna. Тој ги критикуваше и сопствениците на ТВ правата, наведувајќи дека поради нив не била одложена првата трка.

За да ја објаснат својата позиција, возачите го објавија следново соопштение.

worldsbk argentina letter txt 14 10

Back To Top