WSBK

Џонатан Реа размислувал на пензионирање откако ја освои титулата во 2015 година

Џонатан Реа размислувал за повлекување од мотоспортот откако ја освои титулата во 2015 година и признава дека посакувал да му се пружи шанса да настапи во MotoGP.

Следете нè на:

 

Џонатан Реа размислувал за повлекување од мотоспортот откако ја освои титулата во 2015 година и признава дека посакувал да му се пружи шанса да настапи во MotoGP.

Џонатан Реа признава дека размислувал да се повлече од тркањето откако во 2015 година ја освои титулата во WSBK серијата. Тој имаше доминантен настап таа година со Kawasaki Racing и успеа да дојде до долго очекуваната титула.

Претходно, тој помина шест сезони во Honda, период кој го одбележаа неколкуте победи но и големиот број на повреди. Вели дека поради импресивниот настап кој го имаше со Kawasaki ZX-10R таа сезона, размислувал да се повлече додека се уште е најдобар.

„Во 2016 година размислував на пензија“, признава Реа. „Во минатото целта ми беше да освојам барем една светска титула. Мојот дедо отсекогаш ми велеше дека еден ден ќе станам шампион. Постојано верував во себе.“

„Тоа ме одржуваше. Можев слободно да се повлечам по завршувањето на сезоната 2015 но едноставно премногу уживам во тркањето. Мојата цел сега е да продолжам да победувам.“

Реа стана најуспешниот WorldSBK возач во историјата и во следните неколку сезони со Kawasaki повторно ја освојуваше најголемата награда. Вкупно има 88 победи и 168 искачувања на подиумот.

Rea txt 01 11

Во големо интервју за официјалната нтернет страна на WorldSBK Реа зборува за неколку теми и признава дека посакувал да му се пружи шанса да настапи во MotoGP. Претходно тој откри дека толку долго останал во Honda со надеж дека би можел да премине во повисоката класа. Сепак, освен двете трки со Repsol Honda во 2012 година, тимовите повеќе сметаа на возачите кои доаѓаа од Moto2 шампионатот отколку на него.

Тој премина во Kawasaki, кој во 2009 година го напушти нивниот MotoGP проект, и се до денеска остана таму.

„Мал дел од мене посакува да имав шанса да настапам во MotoGP но со целосниот пакет. Но никогаш не ми се укажа оваа можност и затоа не можам да жалам поради тоа.“

Реа ќе ја започне сезоната 2020 со надеж дека ќе стигне до шеста титула. Со оглед на промените кои се случија во тимовите, признава дека тоа би можело да биде малку потешко.

Алекс Ловс ќе го замени Леон Хаслам во KRT додека пак Скот Рединг од BVB серијата ќе премине во Ducati. Алваро Баутиста ќе премине во новиот тим на Honda.

Торпак Разгатлиоглу ќе премине во Pata Yamaha и ќе настапува заедно со Мајкл ван дер Марк. Добар настап се очекува и од поранешниот колега на Реа, Том Сајкс, кој ќе насатапи со BMW S1000RR.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е новиот увозник на брендот Кавасаки за Македонија.

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Стартот на оваа година веќе ни навестува дека таа ќе биде многу интересна и возбудлива, особено за Motul. 

„Имам слушнато многу работи за Кени Робертс, дека тој е еден од возачите кој го има променето самиот концепт. Марк е ист како него, тој го промени начинот на кој возиме“ – Данило Петручи.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.