WSBK

Нова победа на Реа на трката во Аргентина

Џонатан Реа имаше импресивен настап во Аргентина и стигна до две победи во текот на викендот.

Следете нè на:

 

Џонатан Реа имаше импресивен настап во Аргентина и стигна до две победи во текот на викендот.

Џонатан Реа имаше импресивен настап на трката во Аргентина и стигна до две победи во текот на викендот. Почетокот на првата трка беше хаотичен. Стартуваат само 12 возачи а шестмина одлучија да бојкотираат, загрижени за својата безбедност. Временските услови пак беа идеални за тркање.

Алваро Баутиста победи на првата трка а сите возачи беа дел од Суперпол трката. Патеката беше полна и за време на втората трка.

Џонатан Реа направи грешка во свиокот број шест и краток период беше зад Баутиста. Сепак, два круга подоцна, петкратниот шампион повторно изби на првото место.

Возачот на Kawasaki потоа постепено ја зголемуваше својата предност. Во вториот дел од трката Баутиста се соочи со проблеми со пневматиците а тоа пак му овозможи на неговиот колега од Aruba.it Racing, Чез Дејвис да дојде до втората позиција. До крајот на трката тој немаше сила да му се спротистави на Реа кој пак трката ја заврши со предност од нешто повеќе од пет секунди.

Rea txt 14 10

Возачот на Puccetti Kawasaki, Торпак Разгатлиоглу, стигна до третото место додека пак Мајкл ван дер Марк беше четврти. Шпанецот Алваро Баутиста на крајот мораше да се задоволи со петата позиција и 17 секунди заостанување зад победникот.

Алекс Ловс го освои шестото место за Pata Yamaha додека пак Јуџин Лаверти успеа да дојде до седмата позиција и покрај тоа што имаше слаб старт на трката.

Локалниот фаворит, Леандро Маркадо, исто така имаше добар настап и успеа да го освои осмото место за тимот на Orelac Racing Kawasaki а веднаш зад него беше Жорди Торес од Pedercini Kawasaki. Како што одминуваше трката така Леон Хаслам имаше се послаб настап. На крајот заврши на десетото место а зад него беа возачите на Barni Ducati и Ten Kate Racing Yamaha, Мајкл Рубен Риналди и Лорис Баз.

Леон Камиер го освои тринаесетото место за тимот на Moriwaki Althea Honda додека пак возачите на GRT Yamaha, Марко Меландри и Сандро Кортезе ги освоија последните две позиции кои носат поени. Веднаш зад нив беа Маркус Рајтенбергер од BMW и возачот на Moriwaki Althea Honda, Риучи Кијонари.

Поради технички проблеми трката не ја завршија Алесандро Делбианко (Althea Honda) и Том Сајкс (BMW).

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Мото клубот Мечки и оваа година нема да ги заборави дечињата од дневниот центар за лица со посебни потреби од Куманово.

Во организација на О.К.Класик и Општина Сопиште на 14.12.2019год организираат манифестација од спортско рекреативен карактер АТВ И МОТО ДЕН СОПИШТЕ.

Со цел  ‘Mother of Hard Enduro’ да стане малку полесен за натпреварувачите на настанот ќе се приклучи и Motul. Компанијата ќе отвори Bike Wash.

Јохан Зарко соопшти дека во сезоната 2020 од MotoGP шампионатот ќе настапува за Avintia Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.