Електричните мотоцикли не само што го променија возачкото искуство, за некои позитивно а за некои негативно, туку тие исто така влијаеа и на самиот изглед на мотоциклите. За дизајнерите, електричните мотоцикли истовремено преставуваат предизвик но и нови можности.
Мотоциклите би можеле да претрпат голема промена и не сум сигурен колку сме подготвени за тоа. Неколку држави, од кои добар дел се клучи за мотоциклизмот, во следните 10 до 20 години, планираат да ја забранат продажбата на нови модели кои ќе имаат мотори со внатрешно согорување (ICE).