Мотоцикли

Kawasaki го враќа Meguro

Ова е Meguro K3, модерен „retro roadster“ кој се базира на Kawasaki W800. Всушност може да се каже дека W800 се базира на моделот К кој настана од соработката помеѓу Meguro и Kawasaki.

Следете нè на:

 

Ова е Meguro K3, модерен „retro roadster“ кој се базира на Kawasaki W800. Всушност може да се каже дека W800 се базира на моделот К кој настана од соработката помеѓу Meguro и Kawasaki.

Зборуваме за нов Meguro K3, модерен „retro roadster“ кој се базира на постар „roadster“ модел кој пак беше основа на целиот бизнис со мотоцикли на Kawasaki.

Не е ништо лошо ако досега немавте слушнато за Meguro, со оглед на тоа дека тој не постои уште од 1964 година. Meguro за прв пат се појави во дваесетите години од минатиот век и првично беше железара. Кога Американската економија се урна и кога настана Големата депресија, Meguro инвестираше во Harley-Davidson и за возврат ги добија информациите за тоа како да креираат еден мотоцикл.

Започнаа со создавање на менувач, најпрвин за друга компанија а потоа и за себе, а веќе во 1935 година го создадоа и првиот мотоцикл: 500cc single powered Z97. Поради Втората Светска војна запре производството на оваа машина но Z97 веќе остави силен впечаток на пазарот.

Meguro K3 5

Кон крајот на четириесетите години Meguro продолжи со производството а веќе кон крајот на педесетите години почнаа да создаваат поголеми и подобри машини. Нивниот прв „twin“ модел беше T1 Senior кој беше инспириран од Британските „twin“ машини. Веднаш потоа следуваше и верзијата K исто така позната како „Stamina“.

Верзијата К беше лиценцирана копија на BSA A7 но малку подобро направена. Овој модел беше и првиот мотоцикл за кој Едвард Тарнер од Triumph, веруваше дека преставува вистинска закана. Но и покрај успехот на К, Meguro со соочи со финансиски проблеми. Компанијата Kawasaki Aircraft купи дел од Meguro со што се формираше фирмата Kawasaki-Meguro.

Веќе во 1963 година, Kawasaki целосно го презеде Meguro, креирајќи ја притоа новата Kawasaki Motorcycle корпорација. Kawasaki ја задржа BSA лиценцата и продолжи со изработката на моделот К. Во 1965 година го зголемија неговиот капацитет на 624cc и го нарекоа W1. Остатокот, како што велат е историја.

Meguro K3 3

Во моментов, за жал, Meguro K3 може да се најде само во Јапонија и неговата цена изнесува 10000 евра. Сепак, со оглед на тоа дека Kawasaki работи на заштита на брендот низ целиот свет, се надеваме дека овој мотоцикл наскоро ќе се најде и во останатите земји.

Главниот дел на К3 во суштина е идентичен на W800, иако е малку помоќен и има 52bhp.

Би можело да ве интересира

Тимот на Сузуки го претстави новиот GSX-RR со кој Алекс Ринс и Жоан Мир ќе се натореваруваат оваа сезона во МотоГП шампионатот.

Aprilia планира повторно да се најде на врвот во суперспорт сегментот во 2021-ва година.

Презентацијата во Будимпешта ги постави темелите на новата трка која треба да се приклучи на календарот.

Франко Морбидели беше најголемото изненадување минатата сезона.

Во текот на летната пауза, Валентино Роси ќе одлучи дали и во иднина ќе продолжи со трките или ќе се повлече од натпреварувањето.

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.