Во 2018 година, инжинерите на Ducati открија дека очекуваат Adaptive Cruise Control системот да се појави на пазарот во 2020 година. Требаше малку повеќе време за тоа да се случи, дали поради тоа што системот беше потежок да се креира или пак поради пандемијата.
Минатиот месец компанијата од Болоња соопшти дека заедно со Bosch конечно завршиле со изработката на ACC и дека тој ќе се најде на новиот Multistrada V4S. Неполна недела подоцна и BMW соопшти дека Bosch ACC системот ќе биде достапен кај 2021 R 1250 RT.
Сепак, со оглед на реакциите кои се појавија на социјалите медиуми, се чини дека голем дел од возачите се сомневаат во тоа дали да му ја препуштат контролата над гаста и сопирачките на Robert Bosch GmbH. А со цел подобро да ја разбереме оваа технологија, која се повеќе се среќава кај автомобилите, разговарав со неколку новинари кои одблизу ги следат настаните.
Двете компании објавија дека системот ќе се најде кај три модели. Според Фил Рид, ACC ќе биде стандарден дел кај Multistrada V4 S и V4 S Sport моделите во Северна Америка. Во однос на BMW, ACC ќе биде достапен но нема да биде стандарден дел кај 2021 R 1250 RT. Во САД, можете да очекувате ACC да биде дел од премиум пакетот кој ќе вклучува и уште неколку други работи. Според одредени извори, системот во Германија ќе чини дополнителни 500 Евра.
Ducati е во сопственост на Audi и постојат информации дека компанијата обезбедила значителна помош во првите етапи од развојот. Маркус Хам, лидер на проектот на Мotorrad ACC, помина неколку години работејќи во BMW во „automotive“ дивизијата на ABS и TC проекти и поради тоа Motorrad има добра основа за старт на проектот.
И двете компании се потпираат на Bosch за обезбедување на софтверот. Во суштина, и двата системи користат радарски систем кој Bosch го обезбедува за производителите на автомобили. Од BMW открија дека врз сензорот биле извршени дополнителни тестирања со цел да се утврди дали тој може да се справи со вибрациите.
Сепак, инжинерите од двете компании велат дека софтверот кој го интерпретира радарскиот систем е целосно нов и дека е специфично дизајниран за мотоциклите. Тоа е така бидејќи софтверот мора да реагира дури и ако мотоциклот е навален, што пак преставува вистински предизвик. Според дел од медиумите, Ducati и BMW работеле заедно со посебни тимови на Bosch но нема информации дали тие меѓусебно споделувале информации.
А со оглед на тоа дека компаниите почнале со слична основа и користат ист снабдувач, воопшто не изненадува фактот дека нивните решенија се слични. Но сепак, тие не се идентични. Најочигледна разлика меѓу пристапите на двете компании е тоа дека ACC системот на Ducati оди заедно со „rear-facing“ радарот кој исто така обезбедува и предупредување за слепата точка при возењето. Според информациите, BMW размислува за воведување на нешто слично но во иднина.
Двете компании се разликуваат и во однос на терминологијата. Во BMW, Adaptive Cruise Control системот го нарекуваат „Active Cruise Control“ додека пак стандардниот систем го нарекуваат „Dynamic Cruise Control“. Од Ducati пак велат дека тој едноставно се вика „Adaptive Cruise Control.“
Како функционира системот
И двата системи се контролираат од копче кое се наоѓа на левата страна на рачките. Тие може да се вклучат а брзината и дистанцата можат да се прилагодат додека возите. Инжинерите од двете компании велат дека системот не е баш најдобар за користење во урбани услови.
Кога ќе ја одберете дистанцата, вие всушност ја одбирате временската разлика. Системот на BMW ви овозможува да одберете помеѓу три дистанци додека пак кај Ducati имате четири опции.
Кога се активира, радарскиот сензор бара некое возило за да го следи. Но бидејќи можно е на патот да има неколку цели, посебен алгоритам ги користи податоците од сопствениот IMU систем за да го пресмета вашиот вектор. Потоа тој ја одбира рефлексијата на вектиорот кој е најсличен со вашиот. Нешто слично како Match.com само за возила.
Радарскиот сензор има опсег од околу 100 метри. Контролата за дистанца која се наоѓа во сензорот, преку CANbus испраќа барање до ABS контролираната единица. Доколку барањето е позитивно, ABS потоа испраќа „torque“ барање до ECU. Доколку пак барањето е негативно, ABS системот му кажува на ECU да ја намали гаста. Доколку тоа не успее, тогаш тој сам ги активира сопирачките.
А бидејќи системот доколку е потребно сам може да ги активира гаста и сопирачките, не преставува изненадување фактот дека ACC може да се активира само кога контролата на тракцијата и ABS системот се исклучени. Ова може да биде проблем за BMW бидејќи ABS системот не може да се исклучи кај R 1250 RT. Двете функции можат да се исклучат кај V4 S, кај Енрудо режимот на возење.
При користење, ACC ќе ја зголеми брзината за да го стигне возилото кое се наоѓа пред вас и ќе го следи се додека го оставите истото растојаните кое претходно го имате подесено. Доколку возилото пред вас забави, и вашиот мотоцикл ќе ја намали брзината со цел да се задржи истото растојаните.
Системот ќе ги детектира и следи и останатите мотоцикли и затоа може да биде од корист при групно возење. Сепак, и од двете компании велат дека најдобри резултати ќе имате доколку системот следи само едно возило. Исто така, нема да имате добри резултати и доколку возите и во двете ленти. Но во тој случај секогаш можете сами да притиснете на гаста. Од компаниите сепак препорачуваат употреба на „built-in passing“ функцијата: ако дадете сигнал и се префрлите во слободната лента, мотоциклот ќе забрзува се до претходно подесената брзина или пак се додека не го стигне возилото кое е пред вас.
Како и кај секој „automotive“ систем, секој пат кога возачот притиска на сопирачките, ACC системот се исклучува. Системот исто така се исклучува и доколку го притискате кумплугот подолго од 1.5 секунди.
И двата производители посветија особено внимание за да се минимизира ризикот во однос на балансот на возачите. BMW отиде и еден чекор понапред од Ducati со тоа што овозможува возачите да одберат помеѓу “Comfort” и “Dynamic” за активација на гаста и сопирачките. Кај Ducati ја немате оваа можност.
Кај BMW, ако системот забележи дека премногу брзо се приближувате до возилото кое се наоѓа пред вас, на екранот се појавува црвена ознака во форма на автомобил за да ве предупреди.
Го прашав еден колега дали BMW тестирал некаков предупредувачки звук или пак некакво друго предупредување пред да се употребат сопирачките. Тој ми кажа дека не било направено ништо такво но и дека луѓето кои го тестирале системот на BMW воопшто не биле изненадени од сопирањето.
Во некои случаи, ACC системот на BMW ја активира црвената икона на TFT екранот, советувајќи го притоа возачот да преземе контрола. Првиот вид на ваквото барање (TOR1) настанува во случај возилото кое се наоѓа пред вас да ја намали брзината на движење на помалку од 18 километри на час. Во овој случај, системот едноставно ќе се исклучи.
Брзината со која системот на Ducati го активира барањето за возачот да ја преземе контролата зависи од брзината во која се наоѓа менувачот. Системот исто така го активира предупредувањето и доколку бројот на вртежи е поголем во однос на брзината со која се движите.
Вториот ваков случај (TOR2) се активира кога системот детектира некое возило пред вас кое нагло ја намалува брзината. Во овој случај, ACC системот не може сам да ја оддржи потребната дистанца. Еве што од BMW велат дека се случува во тој момент: „Второто предупредување се активира во случај кога системот ќе забележи опасна ситуација и кога не може да се оддржи потребното растојание. Во предвид се зема секој маневар на возилото кое се наоѓа пред вас. ACC продолжува да го извршува потребното сопирање но и возачот мора да биде подготвен да притисне на сопирачките доколку е потребно. “
Кога ќе настане таков случај и кога возачот ќе притисне на сопирачките, системот се деактивира. Во таков случај и во нормални услови, на возачот би требало да му биде достапен значително поголема сила на сопирање.
Меѓутоа, ако не реагирате на возило кое одеднаш забавува пред вас, системот ACC ќе го достигне својот врв на забавување од пет метри за 1,5 секунди и ќе го задржи одреден период.
Засега, ACC системот ги препознава возилата кои се наоѓаат во вашата лента или пак се движат во иста насока. Тој сепак нема да реагира на автомобил кој е запрен на вашата лента. Ова треба да се напомене, тој нема да ве предупреди или да реагира ако некој автомобил во вашата лента не се движи.
Најголем предизвик: Навалувањето
Најголемиот предизвик со кој се соочија инжинерите при развој на ACC системот за мотоциклите не е толку технички и повеќе зависи од човечкиот фактор. Многу возачи изјавија дека не сакаат систем кој сам ќе забрзува или запира. Ова особено важи кога се наоѓате во некој свиок и морате да го навалите мотоциклот.
Од BMW велат дека ова е надминато со тоа што на возачите им се ставаат на располагање два сетинга: “Dynamic” и “Comfort”. Тие одредуваат со која брзина системот ќе ја отвори гаста или пак ќе ги активира сопирачките.
Инжинерите на Ducati открија дека тие на возачите не им нудат вакви можности но велат дека колку е поголем аголот на навалување, толку повеќе се активира системот.
Јонас Лихтенхалер од Мotorrad вели дека една од причините зошто системот забавува во свиоците е бидејќи радарот го губи од видик возилото кое се наоѓа пред него. Аналогијата која ја користи е како возење навечер, кога фаровите го осветлуваат надворешниот дел од свиокот а не насоката по која се движите. Лихтенхалер вели дека во таков случај, ако ACC алгоритамот не го гледа веќе возилото кое се наоѓа пред него, би можел да забрза за да ја изедначи брзината. Кога ги прашав инжинерите на Ducati за ваквите ограничувања, тие ми одговорија дека нивниот систем работи нормално се додека аголот на накосување е над 50 степени.
Дали е за тебе?
Многумина се уште се сомничави во однос на овој систем. Никогаш не сум имал мотоцикл кој има контрола на патувањето и не можам со сигурност да кажам дали тоа е добро или не. Единствено тој систем го имам пробано кога сум тестирал некој мотоцикл. Но овој систем го имам пробано кај автомобил и можам да кажам дека ми има помогнато.
Но многумина сигурно сметаат дека не треба да се предаде контролата за да се добие поголема безбедност. Дали Аdaptive Cruise Control ќе ви даде лажно чуство на безбедност? Инжинерите од BMW и Ducati признаваат дека исто така биле скептични на почеток се додека не го пробале.
И сите останати кои го тестирале овој систем ми ја имаат кажано истата приказна. А тоа е дека ACC ве ослободува од притисокот да мислите на возилото кое е пред вас. Тоа ви овозможило повеќе да внимавате на сообраќајот околу вас што пак ја подобрува самата безбедност.
Но без разлика дали ACC ни се допаѓа или не, наскоро тој ќе стане составен дел од секој мотоцикл. Kawasaki и KTM веќе склучија договор за да ја набават оваа технологија на Bosch.